Економија
ПерпетууМобиле прослави јубилеј од 25 годишно постоење

Во пријатна атмосфера и одличен амбиент компанијата ПерпетууМобиле во среда на 5 јуни го прослави своето јубилејно 25 годишно постоење.
На настанот беа присутни поголем дел од нивните клиенти и соработници кои уживаа во одличната забава, а сопственикот на компанијата Дејан Костов ги поздрави гостите и им се заблагодари за довербата, лојалноста и поддршката на семејството, вработените, клиентите и соработниците.
Со повеќе од 10.000 задоволни клиенти веќе 25 години оваа компанија гради една успешна приказна. Остварување и на најсложените барања на клиентите како и следење на сите трендови и технолошки иновации во нивната дејност беше цел која компанијата се стремеше компанијата да ја достигне. А денес по 25 години, ПерпетууМобиле успешно ја остварува оваа цел, благодарејќи на несебичната вложеност на вработените во компанијата како и одличната соработка со бројни компании.
Успешната приказна започнува во 1994 година кога е основањето на компанијата. Истата година компанијата ги добива своите први клиенти и го потпишува првиот договор. На почетокот како компанија која нуди услуги во областа на обезбедување, ПерпетууМобиле се соочи со уште многу предизвици и реализирани проекти и прерасна во водечка компанија во областа на обезбедувањето од сите видови. Оваа компанија веќе 3 години е прв и единствен центар за готовина чија основна дејност е траснпорт на дневен промет од секаков вид на компании во државата. Минатата година започна развојот на дигитални платформи во областа на обезбедувањето и транспортот на пари кои се претставија на интернационално ниво.
Паралелно со овие две дејности во 2018 година компанијата влезе во уште една нова индустрија а тоа е чистењето. Во дејноста чистење ПерпетууМобиле секојдневно брзо напредува и може да се пофали со 1500 редовни клиенти како и различни еднократни големи проекти кои непрекинато растат. Денес
ПерпетууМобиле брои повеќе од 1000 вработени, а бројот на услуги, реализирани проекти и нови клиенти постојано расте.
Погледнете дел од атмосферата од забавата во фотогалеријата.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Дурмиши за новата потрошувачка кошничка: ќе служи за градење политики поврзани со минималната плата и ќе се усогласи со европските стандарди

На четвртата седница на Економско-социјалниот совет, министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши ја истакна важноста од повторното активирање на трипартитниот дијалог меѓу Владата, синдикатите и работодавачите, кој претставува суштински механизам за социјална кохезија и економски напредок. Тој ги поздрави новите претставници на Конфедерацијата на слободни синдикати, со што, како што рече, се враќа легитимитетот на Советот.
Министерот информираше дека е успешно завршена постапката за утврдување на репрезентативноста на синдикатите – прашање што подолг период го блокираше нормалното функционирање на ЕСС. Воедно, се предложени измени на Законот за работни односи, со кои прагот за репрезентативност се намалува од 10 на 5 проценти, со цел да се поттикне поинклузивен и плуралистички социјален дијалог.
Дурмиши го претстави и процесот за изработка на нова, официјална методологија за пресметка на потрошувачката кошничка, заснована на проверливи и релевантни податоци од Анкетата за потрошувачка на домаќинства, спроведена од Државниот завод за статистика. Новата кошничка ќе служи како основа за градење политики поврзани со минималната плата и социјалните трансфери и ќе биде усогласена со европските стандарди.
Економија
Трипуновски: Откупните цени за пиперката се зголемени – прва класа ќе се откупува по 45 денари за килограм

Откупните цени за пиперката се зголемени – прва класа ќе се откупува по 45 денари за килограм, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.
„На состанокот се договорија откупните цени по класи за пиперката. За прва класа откупната цена на пиперката изнесува 45 денари, за прва-втора класа е 35 денари, за втора класа откупната цена изнесува 20 денари, а за трета класа откупната цена ќе биде 15 денари”, појасни министерот.
Тој посочи дека тоа се почетните цени со кои што ќе започне откупот на пиперката за реколтата 2025 година.
„Пиперката во Македонија се одгледува во два региони – струмичкиот и прилепскиот регион. Бербата треба да биде во договорен период за да не се соочиме со зголемена количина на берба на пиперка во текот на денот и да имаме застој во откупот”, додаде министерот Трипуновски.
Министерот истакна дека оваа година откупните цени за пиперката се зголемени во однос на минатата година.
„Текот на откупот ќе го следиме преку Државниот инспекторат за земјоделство. Како Министерство стоиме на располагање, а трендот на зголемување на земјоделското производство треба да продолжи и понатаму”, посочи тој.
Економија
Владата работи на зголемување на просечната плата, најави Мицкоски

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со растот на платите во државата, со оглед на најновите статистички податоци, според кои просечната нето плата бележи раст и изнесува 45.800 денари, изјави:
„Прво што сакам да кажам е дека и тоа не е доволно. Дека треба да биде уште поголема просечната плата, и во таа насока продолжуваме, како Влада, да работиме. Но и самиот факт и бруто и нето, од просечната плата растат повеќе од 11% е демант за сите оние, би рекол, некрофили во рамките на опозицијата, кои што изминатиов период континуирано конструираа и лиферуваа лаги во јавноста, дека платите не растеле, дека платите стагнирале итн. Но овие податоци коишто пристигнуваат се само доволен доказ дека тие, освен тоа што не говорат вистина, шпекулираат, конструираат и креираат невистини. Друго ништо не можат да сработат и токму затоа таква е состојбата во опозицијата, и токму затоа народот ја изгуби довербата во нив.“
Владата продолжува да работи, рече премиерот, за граѓаните да имаат уште повисоки примања.
„И нормално, ние како Влада продолжуваме и понатаму да работиме за уште повисоки примања на работниците, затоа што тоа е наша цел, да испорачаме тоа што граѓаните од нас очекуваат.“, објасни Мицкоски.