Вести
Џихадистите загубиле четвртина од територијата за 18 месеци
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/13ipj211.jpg)
Џихадистичката групација Исламска држава (IS) во последните 18 месеци загубила четвртина од териториите кои ги зазема во Ирак и Сирија со ненадејната офанзива во летото 2014 година, или загубената област одговара на пространството што го зафаќа Ирска, и веројатно во следниот период ќе ги засили нападите врз цивилите, објави во неделата организацијата Information Handling Services (IHS).
Територијата под контрола на радикалните џихадисти се намалила од јануари 2015 година на кој прогласија свој 2калифат“ од 90.800 на 68.300 квадратни километри.
Тоа довело до засилување на нападите врз цивилните цели на Блискиот исток и во Европа, коишто најверојатно ќе се интензивираат, наведуваат од IHS, компанија којашто дава информации за глобалната политика и безбедноста, чиешто седите е во американски Колорадо.
„Како што територијата на Исламската држава се намалува, станува јасно дека државотворниот проект слабее и дека групата се фокусира на бунт. Резултат на тоа е што очекуваме зголемува на масовните напади и саботажи на економските инфраструктури ширум Ирак и Сирија, како и во Европа“, вели Коламб Старк од HIS.
Како поткрепа на ваквите предвидувања, може да се земе реакцијата на Исламската држава откако минатиот месец беше протерана од стратешкиот ирачки град Фалуџа, 50 километри западно од престолнината Багдад, што доведе во пораст на нападите врз шиитските муслимани во Ирак.
Така, по повеќето терористички напади со десетици мртви, пред една седмица непосредно пред почетокот на тридневната прослава на рамазанскиот бајрам, во експлозија на автомобил бомба во шиитски кварт во Багдад се убиени најмалку 297 луѓе, а бројот на жртвите може да расте бидејќи меѓу повеќе од 150-те ранети има многу со тешки повреди и во критична состојба./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/gaza32.jpg)
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/борел-миа.jpg)
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/антонио-гутереш.jpg)
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.