Свет
Гваидо не планира да преговара со Мадуро
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/03/gvaido.jpg)
Опозицискиот лидер во Венецуела, Хуан Гваидо изјави дека опозицијата во моментов не планира да преговара во Норвич со претставниците на претседателот Николас Мадуро. Според Гваидо, бескорисно е сето она што не води кон оставка на Мадуро.
Гваидо, кој е претседател на собранието, се прогласи за претседател на Венецуела во јануари. Тој обвинува дека владата на Мадуро била избрана на нелегитимен начин.
Гваидо како привремен претседател го признаа повеќето западни земји, меѓу кои и САД.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
Шефот на Пентагон: Американските трупи нема да бидат распоредени во Украина како дел од мировниот договор
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/5-8.jpg)
САД нема да испраќаат свои сили во Украина како дел од можниот мировен договор, изјави денеска во Брисел новиот американски секретар за одбрана Пит Хегсет.
„Да бидам јасен, како дел од безбедносните гаранции, нема да има американски сили распоредени во Украина“, рече Хегсет на почетокот на состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел.
Американскиот министер рече дека Европа ќе мора да обезбеди огромна идна помош за Украина и додаде дека САД повеќе нема да толерираат „неурамнотежени односи во НАТО“.
„САД остануваат посветени на Алијансата и на одбранбеното партнерство со Европа. Но, САД повеќе нема да толерираат неурамнотежен однос“, додаде Хегсет, кој е во седиштето на НАТО за прв пат по преземањето на функцијата.
Генералниот секретар на НАТО Марк Руте рече дека европските членки на НАТО мора да трошат многу повеќе за својата одбрана.
„Треба да направиме многу повеќе за да го имаме она што ни е потребно за одвраќање и одбрана, за товарот да се дели поправедно“, додаде Руте.
Свет
Вулканот Етна повторно активен, властите соопштија дека нема причина за паника
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/vulkan-etna.jpg)
Еден од најактивните италијански вулкани, Етна, од минатиот викенд повторно исфрла лава, објавија италијанските медиуми.
Надлежните најавија дека будно ја следат ситуацијата и дека нема причина за паника.
Првите слаби ерупции беа забележани на 8 февруари, а тенки потоци лава беа регистрирани и во вторникот на јужната падина на кратерот познат како Боча Нуова, објави веб-страницата nationalworld.com.
Не се забележани значителни промени во параметрите на вулканот, објави „Опсерваторијата Етна“ на Италијанскиот национален институт за геофизика и вулканологија (ИНГВ).
Како што е соопштено, лавата тече во многу тесна линија и се протега на само неколку стотици метри, па се карактеризира како нормална вулканска активност.
Според вулканолозите, овој феномен е типична подтерминална ерупција бидејќи доаѓа од фрактура, а не од еден од главните кратери.
Етна, на островот Сицилија, е највисокиот активен вулкан (3.330 метри) во континентална Европа.
Минатото лето, по период на релативен одмор по големата ерупција во декември 2023 година, имаше неколку последователни ерупции.
И покрај честите ерупции, Етна е главна туристичка атракција.
Во 2013 година УНЕСКО ги прогласи вулканот и неговата околина за светско наследство препознавајќи ги неговото геолошко значење и влијанието врз локалната култура и економија.
Свет
Зеленски: Нападите врз Киев покажуваат дека Путин не се подготвува за мир
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/12/zelenski45.jpg)
Денешните руски ракетни и беспилотни напади врз Киев покажуваат дека рускиот претседател Владимир Путин не се подготвува за мир, изјави денеска украинскиот претседател, Володимир Зеленски.
Во денешните напади на пет кварта на Киев најмалку едно лице загина, а тројца се ранети, изјави градоначалникот Виталиј Кличко на „Телеграм“.
„Путин не се подготвува за мир. Тој продолжува да убива Украинци и да уништува градови. Само силни мерки и притисок врз Русија може да стават крај на овој терор“, рече Зеленски.
„Она што ни треба сега се единство и поддршка на сите наши партнери во борбата за праведен крај на војната“, додаде тој.
Зеленски синоќа изјави дека е подготвен за размена на територија со Русија како дел од можните мировни преговори под покровителство на Соединетите Американски Држави.