Црна хроника
Книговодителка „олеснила“ десет фирми за над 2 милиони денари
Гевгелиската полиција поднесе кривична пријава против 34-годишна жена од Богданци, поради сомнение дека сторила кривични дела „затајување“ и „послужување“.
Како што информираат од МВР, во периодот од 2017 до 2019 година пријавената, како вработена во гевгелиска фирма, во својство на финансов книговодител, искористувајки ист траен однос и исти прилики, противправно присвоила пари кои и биле доверени во врска со нејзината работа од страна на 10 фирми, со вкупен износ од 2.920.037 денари.
Исто така, во овој период, пријавената неовластено се послужила или ги дала на послуга на друг парите кои и биле доверени од страна на овие фирми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Инцидент во филијала за брзи кредити на Бит Пазар: маж со оружје се обидел за земе пари
Инцидент се случил вчера во филијала за брзи кредити на подрачјето на Бит Пазар.
Маж со закана со огнено оружје се обидел да одземе пари од вработената, но во намерата бил спречен од странка во објектот, по што го напуштил местото на настанот, информираа од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Девојчиња истепани од нивни врснички во Карпош
Две девојчиња биле нападнати вчера од малолетнички на подрачјето на Карпош.
Случајот во МВР го пријавил еден од родителите на девојчињата.
„Околу 18.00 часот, на подрачјето на Карпош, малолетно девојче и неговата другарка биле физички нападнати од две други малолетнички“, објави полицијата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Покрив и кат од семејна куќа изгореа во Струмица
Денеска околу 09:30 часот во пожар изгореа покрив и кат од семејна куќа на улицата „Спиро Захов“ во Струмица, соопштија од ТППЕ Струмица.
Пожарот го гаснеле три против пожарни возила и 10 пожарникари, кои успеале навреме да го локализираат и ликвидираат и спречиле да се прошири и да предизвика поголема штета.
Во пожарот нема повредени лица, а предизвикана е материјална штета.