Македонија
Сончево и топло време со температури до 34 степени
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/01/sonce1-42385.jpg)
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Од таму додаваат дека во текот на денот ќе дува умерен до засилен северен ветер, а попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 11 до 19 Целзиусови степени, а максималната од 26 до 34 степени.
Во Скопје, сончево и топло време со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен северен ветер. Температурата ќе достигне до 31 степен.
Под влијание на топла воздушна маса од југ и во наредните денови ќе продолжи периодот на топло време, а особено топло се очекува да биде од средината на наредната седмица. Локално во попладневните часови ќе има краткотраен пороен дожд со грмежи и услови за изолирана појава на град.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Приведени 19 лица на фестивал во Дојран
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/07/dojran-festival.jpg)
Полицијата приведе 19 лица за време на фестивалот што викендов се одржуваше во Дојран.
Според информацијата од МВР, кај нив била најдена дрога.
„На 29.06., 30.06. и 01.07.2024, за време на одржување на фестивал во Стар Дојран, полициски службеници ги лишиле од слобода А.С.(29) од Струмица, Д.Ш.(24) од Гевгелија, Ј.Р.(23) од Скопје, К.В.(24) од Куманово, А.А.(32) од Струмица, Д.А.(34) од Скопје, Г.И.(46) од Скопје, Ј.Б.(32) од Гостивар, В.Г.(18) од село Црничани, гевгелиско, Т.П.(18) и К.Ц.(18), и двајцата од село Миравци, гевгелиско, Г.М.(47) од Скопје, Ф.И.(19) од село Удово, валандовско, Б.С.(23) од село Батинци, скопско, Д.З.(23) од Скопје, А.А.(30) од Валандово, Н.А.(18) од Скопје, С.П.(20) од Башино Село, велешко, и еден 17-годишен турски државјанин. При преглед кај нив, како и при контрола во возила во кои се превезувале биле пронајдени марихуана, прашкаста материја и таблети“, велат од МВР.
За настаните бил запознаен јавен обвинител, а по нивно документирање против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Македонија
Бобан Николовски ја презеде функцијата директор на Царинска управа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/boban-nikolovski-carina-3.jpg)
Бобан Николовски денеска ја презеде функцијата директор на Царинска управа од својот претходник Стефан Богоев, кој на оваа позиција беше од јуни минатата година.
„Спроведување реформски мерки и политики за постигнување висок и одржлив економски раст, борба со криминалот и сузбивање на корупцијата и сивата економија, предвидливо даночно и регулаторно опкружување и намалување на парафискалните давачки за компаниите како и целосна дигитализација и СМАРТ Царина како дел од владините приоритети за смарт Македонија, се само дел од нашите цели“, порачува Николовски.
Николовски е вработен во Царинската управа веќе 15 години, а на функцијата директор доаѓа од позицијата пратеник во македонското Собрание.
Македонија
Филипче: Силно ќе се спротивставам на оние кои сакаат да ја ослабнат СДСМ и да ја видат на колена
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/venko-filipche.jpg)
Новоизбраниот претседател на СДСМ, Венко Филипче, во обраќањето до сопартијците се заблагодари за дадената поддршка.
„Во СДСМ победи професионализмот, емпатијата, грижата за луѓето како мои основни вредности по кои ќе работи и функционира Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија. Ветувам дека нема да делам туку ќе обединувам. Ветувам дека ќе водам со пример и тоа ќе го барам од секој во партијата. Ветувам дека силно ќе се спротиставам на оние кои сакаат да ја ослабнат партијата на сметка на личниот интерес. Ветувам дека ќе го заштитам и слушнам секој член и на секому ќе му дадам глас. Ветувам дека СДСМ ќе биде приземна, отворена и модерна партија подготвена за предизивиците кои следат“, рече Филипче.
Додаде дека многумина сакаат да ја видат СДСМ клекната и поразена и се надеваат дека партијата нема да опстане и се ситат на изборниот пораз.
„Ветувам дека ќе го вратиме достоинството на партијата, а они кои се надеваат на лоша иднина на партијата, длабоко ќе се разочараат“, потенцираше Филипче.
Како што додаде, принципите на заедништво, другарство, взаемна почит и отворена комуникација се оние кои ќе ја одликуваат СДСМ под неговото раководство.
Во своето обраќање, Филипче истакна дека СДСМ ќе дејствува како силна опозиција којашто ќе се бори против лошите политики на власта и секогаш ќе биде гласот на разумот и на граѓанската волја која ќе биде заштитена доколку е погазена.