Македонија
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ 11 години не успеа да организира попис, а и сега оди против напредокот

ВМРО-ДПМНЕ, освен што шири невистини, нема ама баш никаков кредибилитет да зборува за попис бидејќи цели 11 години на власт партијата не успеа да организира попис на населението, стои во реакцијата на СДСМ по повод обвинувањата од Наум Стоилковски дека власта сака набрзина да го протурка законот за попис со цел да избегне дебата.
Од владејачката партија истакнуваат дека целокупната подготовка за организирање на пописот е професионална и транспарента, по сите меѓународни стандарди и во неа цело време е вклучен „Евростат“.
„Колку ВМРО-ДПМНЕ не се грижи за законите и колку е лицемерно нивното однесување покажува само еден факт: од декември минатата година до ВМРО-ДПМНЕ е доставен на разгледување Изборниот законик и после 6 месеци партијата нема кажано ништо“, стои во партиската реакција.
Од СДСМ изразуваат надеж дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се организира и ќе најде потенцијал да го разгледа Изборниот законик и да соопшти став во однос на истиот.
Додаваат и дека очајните закани на ВМРО-ДПМНЕ се показател дека во опозициската партија ништо не се променило, туку дека таму се уште главен збор има Никола Груевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Се излеа Маркова Река кај Батинци

Маркова Река се излеа денес по обилните врнежи од дожд.
Во селото Батинци, водата е надојдена, излевајќи се на неколку места околу речното корито.
Ангажирана е механизација за санирање на штетата, а градоначалник на Студеничани, Азем Садики, објави дека забележана е материјална штета во дворовите од куќите кои се наоѓаат во близина на реката.
Засега, според градоначалникот, нема потреба од евакуација.
Фото: ТВ21/скриншот
Македонија
Тетово повика на јавна дебата за промена на имињата на улиците

Општина Тетово в петок, со почеток во 15:00 часот, организира јавна дебата за предлози за имиња на улиците.
„Ги повикуваме сите граѓани, здруженија, невладини организации и граѓанскиот сектор да учествуваат на оваа јавна дебата за именување на улиците“, велат од општината преку допис.
Додаваат дека секој предлог од граѓаните е важен и помага овој процес да биде инклузивен и успешен за граѓаните и градот Тетово.
Македонија
Тошковски: Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10 отсто

Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10 отсто, информира министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
„Изминативе години сосема оправдано имаше критики дека платите во МВР се ниски, а очекувањата и одговорностите големи. Често се укажуваше на разлики во однос на некои сродни служби, а чувството на потценетост беше реално и оправдано. Ова зголемување не е доволно, но е еден од многуте чекори што ќе следат во насока на враќање на достоинството и угледот на полицаецот. Целта е јасна – да изградиме модерна, професионална и силна полиција која ќе биде вистински сервис на граѓаните. Продолжуваме понатаму кон обезбедување на подобри услови, поголема поддршка и вистинско вреднување на трудот што секојдневно се вложува“, напиша Тошковски во објавата на социјалните мрежи.