Свет
(Видое) Масовен протест во Хонг Конг поради новиот закон за екстрадиција

Новиот закон за екстрадиција предизвика најголем протест во изминатите десетина години во Хонг Конг, кој заврши доцна синоќа со немири и судири меѓу демонстрантите и полицијата. Демонстрантите се обидоа да го пробијат полицискиот кордон и да дојдат до седиштето на Владата.
Полицијата употреби солзавец и палки врз демонстрантите, меѓу кои многумина носеа хируршки маски на лицата.
Тензиите меѓу демонстрантите и полицијата со часови продолжиле до утрово, пренесе „Саут Чајна морнинг пост“.
Се проценува дека околу еден милион луѓе излегле на улиците против навиот закон кој дозволува екстрадиција на Кина. Законот моментално се наоѓа пред пратениците во полудемократското Собрание во Хонг Конг, за кој в среда треба да се расправа.
Законот би овозможил осомничените лица да се екстрадираат во Кина, за таму да им се суди. Измените на законот би требало да ја поедностават постапката за секој одделен случај. Во тоа се вклучени матичните земји Кина, Макао и Тајван, како и уште 20 земји со кои Хонг Конг веќе има договор за екстрадиција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Се урна станбен блок во Индија

Четири лица загинаа, а уште 10 се водат за исчезнати откако денеска се урна повеќекатен станбен блок во близина на Њу Делхи, јавија индиските медиуми повикувајќи се на полицијата.
Според извештаите, спасени се 14 лица. Блокот се урнал во Мустафабад во североисточниот дел на државата Делхи. Ограничените услови ја попречуваат спасувачката работа, изјави портпаролот на Националните сили за одговор при катастрофи.
Причината за уривањето се уште не е позната. Локалните медиуми јавуваат дека неодамна биле извршени градежни работи во приземјето на зградата.
Главниот министер на Делхи, Река Гупта нареди истрага за инцидентот.
Свет
Во сообраќајка загина поранешен хрватски фудбалски репрезентативец и играч на фудбалскиот клуб Динамо

Во тешка сообраќајна несреќа, што се случи во Карловац, загинаа 2 лица, меѓу кои и поранешниот хрватски фудбалски репрезентативец и играч на фудбалскиот клуб Динамо, Никола Покривач, јавуваат хрватските медиуми.
Полицијата во краткото соопштение наведува дека несреќата се случила на обиколницата Турањ и дека во неа учествувале 4 патнички возила.
Три лица се пренесени на лекување во медицинска установа.
Свет
Русија и Украина денеска треба да разменат затвореници

Русија и Украина денеска треба да разменат затвореници, а посредник во договорот повторно се Обединетите Арапски Емирати, соопштил извор запознаен со преговорите.
Ќе бидат разменети вкупно 492 војници – 246 од двете страни, како и уште 46 ранети украински војници.
За време на војната Русија и Украина со посредство на ОАЕ веќе разменија вкупно 3.233 воени заробеници