Свет
Американец кој боледува од рак нарачал 19 килограми чокаладо со марихуана

Американец од Чикаго е осуден на четири години затвор зaшто од Калифорнија нарачал 19 килограми чоколадо со марихуана кои планирал да ги препродава, објави Си-ен-ен.
Томас Џ.Франзен (37) ја признал вината за поседување на над 5000 грама канабис, што се смета за кривично дело и за што може да се изрече затворска казна од 4 до 15 години, како и парична казна до 25.000 долари.
Адвокатот на Франзен изјавил дека неговиот клиент боледува од рак на тестисите и дека поминувал низ терапија кога ја нарачал марихуаната.
Пресудата е изречена еден ден пред да биде изгласана легализацијата на рекреативна марихуана во Собранието во Илиноис. Новиот закон треба да стапи на сила во јануари 2020 година.
Во 2014 година доставувачи на пошта забележале дека често на адресата на Франзен се испорачуваат сомнителни пакети. Побарале налог за отворање на еден од нив и кога го добиле, пронашле над 19.000 грама чокаладо со марихуана.
Полицијата потоа извршила претрес на неговиот дом и пронашла кокаин, повеќе од 100 грама марихуана, дигитална вага и сметки за пакети од пошта кои ги испраќал на локации во САД и Канада.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски: Русија изврши 46 воздушни удари и 900 гранатирања за еден ден

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, соопшти дека Русија извршила сериозни напади врз украинска територија, прекршувајќи го велигденскиот прекин на огнот. Според податоците на врховниот командант на украинската армија, Олександр Сирски, руските сили до 16 часот по локално време извршиле 46 воздушни напади и 900 артилериски гранатирања.
„Денеска руските сили употребија 400 дронови за напади врз различни делови од Украина“, објави Зеленски на социјалните мрежи.
Според него, дел од нападите биле насочени и кон регионот Доњецк, токму за време на прекинот на огнот по повод православниот Велигден. Напади биле регистрирани и во областа Курск во Русија.
Украинскиот претседател остро ја осуди агресијата, оценувајќи дека Москва повторно демонстрира целосно непочитување кон верските празници и обидите за деескалација на конфликтот.
Регион
Додик: Британски специјалци се дојдени во Република Српска да ме убијат

Милорад Додик, претседателот на Република Српска и осуден бегалец кој е наведен како бегалец во Федерацијата на Босна и Херцеговина, во интервју за Новости упати сериозни обвинувања.
Тој тврди дека „тројца претседатели на европски земји и еден премиер“ му кажале дека во Босна и Херцеговина е префрлена британска воена единица со многу специфична задача – негова ликвидација.
„Тоа не е класична единица. Станува збор за четириесет војници кои пристигнаа со јасна наредба – не да ме уапсат, туку да ме убијат. И тоа под изговор дека давам отпор. Мафијашки принцип – ако отстраните човек, го отстранивте проблемот. Лидерите од Европа ми го потврдија тоа. Тие не се откажаа, но засега молчат“, вели Додик.
Тој во интервјуто нагласува дека не живее во страв и дека слободно се движи, отфрлајќи ги тврдењата дека е изолиран.
„Никогаш нема да бидам скршен од политичките процеси. Нема да се откажам од борбата за Република Српска“, вели тој.
Додик открива и дека официјални лица од Брисел наводно го советувале да се засолни.
Регион
Сестри си размениле пцости, па тупаници за имотот на нивниот татко

Две сестри се степале за имотот на нивниот покоен татко! Сè експлодирало во двор во Цазин (БиХ) кога жените, откако си размениле остри зборови, почнале да си разменуваат удари. Соседите зачудено гледале како драматичниот конфликт ги вознемирува локалните жители, принудувајќи ја полицијата да интервенира.
„Прво дошло до жестока расправија во дворот од куќата на нивниот покоен татко, а потоа сето тоа прераснало во физичка пресметка“, вели еден од соседите, кој сакал да остане анонимен.
Според него, спорот настанал околу поделбата на имотот на нивниот татко – земјиште и стара рурална станбена зграда.
„Беше страшно да се гледаат две сестри како се тепаат пред луѓе кои со години ги познаваат како мирни и резервирани луѓе“, додава сосед.