Црна хроника
Полицаец со пиштол се бранел да не биде претепан од фудбалери во Куманово

Еден полицаец во Куманово испукал неколку куршуми во воздух за да се одбрани од фудбалери кои го нападнале откако се обидел да спречи тепачка помеѓу самите фубалери.
Инцидентот се случил во кумановското село Шупли Камен во саботата околу 18,15 часот на фудбалски стадион, каде се играл натпревар помеѓу ФК„Башкими“ и ФК„Карпош“ и двата клуба од Куманово, при што дошло до тепачка помеѓу играчите.
При интервенција на полициски службеник, истиот бил физички нападнат од неколку лица, кои го фатиле во пределот на вратот и го влечеле за делови од униформата, нанесувајќи му телесни повреди.
Од страна на полицискиот службеник, поради заплашување во воздух испукани биле три куршуми од службениот пиштол, по што напаѓачите се разбегале.
Во СВР-Куманово сам се пријавил Д.Х.(23) од Куманово, кој бил учесник во нарушувањето. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Трагедија во Аеродром: На скопјанец му се слошило на скали, починал на лице место

Ноќта помеѓу петокот и саботата на 64-годишниот Б.В. од Скопје му се слошило додека се наоѓал на скалите во својот дом на подрачјето на општина Аеродром.
Според пријавата, мажот паднал поради нагло влошување на здравствената состојба, а лекар од Итната медицинска помош по пристигнувањето на местото ја констатирал неговата смрт.
Увид извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.
Топ
МВР трага по лице кое се обидело да запали „ауди“ и „јагуар“ во Куманово, ги испрскало возилата со бензин, но кога го виделе побегнал

Маж од Долно Којнаре, кумановско, пријавил дека во неговиот двор едно лице со бензин ги испрскало возилата „јагуар” и „ауди” со намера да ги запали.
Откако реагирал лицето побегнало и не успеало во намерата.
МВР го бара сторителот.
Црна хроника
Тројца странски државјани загинаа во сообраќајка на патот Штип-Радовиш

Пред два дена околу 08:13 часот, на експресниот пат Штип – Радовиш, кај мостот на Балталиска река во близина на селото Лакавица, се случила тешка сообраќајна несреќа во која животот го загубиле три лица.
Според информациите од полицијата, товарно возило марка „Фиат Дукато“ со струмички регистарски таблички, сопственост на фирма од Струмица, излетало од коловозот. Возилото го управувал 35-годишниот М.Д. од село Иловица.
„Од здобиените повреди на местото на несреќата починале три лица: С.М.Р. (29) и Х.М.Р. (38), двајцата од Бангладеш, како и К.К. (34) од Непал. Сите имале регулиран престој во земјава. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош“, соопшти МВР.
Возачот и уште едно лице – Х.М.Т. (24) од Бангладеш – се здобиле со тешки телесни повреди и се хоспитализирани во Клиничката болница во Штип.
По наредба на јавен обвинител, телата на починатите се дадени на обдукција, а увид на местото извршила екипа од СВР Штип. Истрагата за причините на несреќата е во тек.