Македонија
Ќе се формира научно-истражувачки центар за дијаспора во рамки на УКИМ
Министерот без ресор, задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, потпиша меморандум за соработка со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, претставен од ректорот Никола Јанкуловски.
Потпишаниот меморандум помеѓу министерот Адеми и УКИМ предвидува јакнење и зголемување на соработката за прашања од заеднички интерес во областа на дијаспората, со фокус на научната дијаспора.
Со овој меморандум страните се договорија за формирање научно-истражувачки центар за дијаспора и миграции во рамки на Универзитетот „Св. Кирил и Методи“.
Дополнително страните се согласија со овој меморандум да се преземат заеднички активности кои ќе ја зајакнат меѓусебната соработка во форма на поддршка за развој на политики и стратешки документи за дијаспората, ефективен ангажман на дијаспората во области од интерес за државата, како и други сродни активности во меѓусебна координација.
Потписничките страни се договорија да се одржуваат редовни заемни консултаци за прашања што се однесуваат на овој меморандум, а со цел и реализација на предвидените актиности.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

