Македонија
Фазлиу: На располагање 4,9 милиони евра за проекти за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Албанија
Министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу, денеска учествуваше на информативната средба за промоција на процесот на консултации за идентификување идеи за стратешки проекти во рамките на Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија во рамките на инструментот за претпристапна помош ИПА 2014-2020. На овој настан присуствуваше и Никола Бертолини, раководител за соработка на Делегацијата на ЕУ во Скопје.
Министерот Фазлиу рече дека оваа средба е една од четирите планирани, кои се очекува да бидат од голема помош на оперативните структури на двете земји, како и за заинтересираните субјекти кои треба да поднесат квалитетен проект или повеќе проекти во рамките на оваа програма.
„Во Програмата за прекугранична соработка на Северна Македонија и Албанија на располагање имаме 4.930.000 евра. Дали сите средства ќе бидат апсорбирани за реализација на еден или два стратешки проекта ќе зависи од проектните идеи што ќе може да се доставувуваат до 1 август годинава. Треба да се има предвид дека овој јавен повик е поинаков од претходните два затоа што станува збор за стратешки проект, што значи дека со неговата реализација ќе се одговори на потребите на поголема популација. Во таа смисла проектот треба да биде од национално или, пак, од регионално значење. Тематските области се широки, што остава простор за голем број проектни идеи. Важно е тие да произлегуваат од реалните потреби на граѓаните и да бидат идентификувани во широк консултативен процес“, истакна Фазлиу.
Инаку, со оглед дека со оваа Програма во земјата се опфатени Пелагонискиот, Полошкиот и Југозападниот Регион, а во Албанија регионите на Корча, Елбасан и Дибра, стратешкиот проект територијално би требало да биде имплементиран во тие рамки и да решава проблем на граѓаните што живеат во тие плански региони.
Според критериумите, проектните идеи треба да се однесуваат на поттикнување на туризмот и заштита на културното и природното наследство, зајакнување на конкурентноста, бизнисот, трговијата и инвестициите и заштита на животната средина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир, Бутел и Шуто Оризари
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 11.00 часот корисниците од дел од улицата Бајрам Шабани и дел од улицата Чаирска, општина Чаир;
· во периодот од 09.00 до 10.00 часот корисниците од објектите околу Фитофарм-Визбегово, општина Бутел;
· во периодот од 09.00 до 12.00 часот корисниците позади бензинската ОКТА во Шуто Оризари, општина Шуто Оризари.
Македонија
Делови од Карпош и Шуто Оризари денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата Демирхисарска бр 13 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демирхисарска, од 17:30 часот до завршување на дефектот, општина Шуто Оризари.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Софиска 7, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Софиска, Бриселска, Петар Драганов, Његошева, Копенхагенска и Стокхломска, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Утрото постудено и магливо, преку денот сончево со мала до умерена облачност
Утрото постудено со услови за појава на магла по одделни котлини и речни долини. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 16 до 21 степен.
Во Скопје, утрото постудено, во делови од котлината магливо. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на висок воздушен притисок следува период на стабилно и суво време со постудени утра, а дневната температура ќе биде во пораст, особено во деновите од викендот. Претпладне по одделни котлини и речни долини ќе има услови за појава на магла.

