Македонија
Град Скопје ќе ги субвенционира занаетчиите од Старата чаршија за набавка на алати
Градот Скопје го објави јавниот повик за субвенционирање занаетчии во Старата скопска чаршија за набавка на потребните алати и репроматеријали за занаетите што се во изумирање. Со цел да го стимулира опстојувањето на занаетите, Градот Скопје ќе ги субвенционира занаетчиите за набавка на потребните алати и репроматеријали до 80% од докажаните трошоци, но не повеќе од 50.000 денари, со вклучен ДДВ. Повикот ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“ и ќе трае до 20.12.2019 година. Субвенционирани ќе бидат само докажаните трошоци за предвидените намени настанати во периодот од 01.01-20.12.2019 година.
На овој јавен повик право на учество имаат:
-Занаетчии кои не добиле буџетски средства од проекти за субвенционирање од други извори;
-Занаетчиите кои се регистрирани согласно со Законот за вршење занаетчиска дејност („Службен весник на РМ“ бр. 15/2015) и кои вршат занаетчиски дејности во изумирање (кројач, јорганџија, ташнар, опинчар, јажар, бојаџија, столар, крзнар, папуџија, грнчар, шапкар, ковач, лимар, казанџија, копчар, свеќар, сарач, саатчија, чевлар, стаклорезач, пекар, фотограф, бравар, производство на бижутерија, домашна ракотворба и самарџија);
-Регистрирани занаетчии кои имаат сопствен дуќан или под закуп лоциран во Стара скопска чаршија, кои при поднесување барање до Град Скопје за субвенции за набавка на потребните алати и репроматеријали на занаетчиите на подрачјето на Старата скопска чаршија за 2019 година, ќе поднесат фактура или фискална сметка за набавените алати и репроматеријали;
-Намирени обврски кон државата и вработените;
-Започнале со работење најмалку 1 (една) година пред објавувањето на јавниот повик (регистрација/упис во Регистарот на занаетчии).
Јавниот повик е објавен и на веб-страницата www.skopje.gov.mk. Барањата за субвенционирање на занаетчиите се достапни во Архивата на Град Скопје, во Одделението за занаетчиство, угостителство и трговија.
Барањето за субвенционирање занаетчии за набавка на потребните алати и репроматеријали за занаети во изумирање во Старата скопска чаршија со комплетната документација треба да се достави во затворен коверт на адресата Град Скопје, Сектор за локален економски развој, булевар Илинден, број 82, 1000 Скопје (со назнака – Комисијата за спроведување постапка – Пријава за јавен повик за субвенционирање занаетчии за набавка на потребни алати и репроматеријали за занаети во изумирање во Старата скопска чаршија), најдоцна до 20.12.2019 година. Доколку се исцрпат предвидените финансиски средства, Градот Скопје ќе го објави завршувањето на јавниот повик на својата веб-страница.
Дополнителни информации во врска со овој јавен повик може да се добијат во Секторот за локален економски развој на телефонскиот број 3297 284 или преку адресите на е-пошта: [email protected] и [email protected]
Овој јавен повик Град Скопје го објавува согласно со програмата за финансирање на проекти за развој на занаетчиството, угостителството и трговијата на Град Скопје за 2019 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ избира ново раководство
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денес ќе го одржи 30. партиски Конгрес, на којшто ќе биде избрано новото партиско раководство.
Со тоа ќе стане извесно кој се’ ќе ги носи клучните одлуки во опозициската партија која в година повторно ќе треба да се соочи со гласачите на локалните избори
Социјалдемократите известија дека Конгресот ќе има отворен и работен дел, ќе се разговара за идните, нови политики на партијата и ќе биде избрано новото раководство, однсно членовите на највисиките тела во СДСМ – Централниот и Надзорниот одбор.
На почетокот, ќе има обраќање на Венко Филипче, кој пред пет месеци ја презема претседателската функција од неговиот претходник, Димитар Ковачевски по големиот пораз што го претрпе партијата на парламентарните и претседателските избори.
Македонија
Лашкоска: Обновувањето на шумскиот фонд е дел од приоритетите на локално и национално ниво
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, денес ја посети Гевгелија каде заедно со градоначалникот, Андон Сарамандов, се приклучија на акцијата за масовно пошумување и подигање на јавната свест „Да пуштиме корени во нашата Гевгелија“ во рамките на која на месноста Топлик, Гевгелија се засадуваа 6000 дрвни насади.
„Министерството за животна средина ги поддржува активностите за пошумување во државата бидејќи тие се значаен ресурс од повеќе аспекти – заштита на биодивезитетот, подобрување на квалитетот на воздухот, климатските промени, заштита од ерозија и свлечишта и се важен економски ресурс“ изјави Лашкоска на настанот потенцирајќи дека обновувањето на шумскиот фонд е дел од приоритетите на локално и национално ниво особено во услови кога сме соочени со многу високи летни температури и со сериозно опожарување на шумите на територијата на целата држава.
Таа упати честитки и благодарност до градоначалникот на Гевгелија, Андон Сарамандов и општина Гевгелија за одлично реализираната акција.
Во рамките на посетата на општина Гевгелија, заменик министерката Лашкоска и градоначлникот Сарамадов направија увид во реализацијата на проектот за намалување на загуби на вода со замена и инсталација на водомери заедно со инсталација и конфигурација на опрема со далечинско отчитување. Проектот го имплементира ЈКПД Комуналец Гевгелија, а е финансиски поддржан од страна на МЖСПП со средства во висина од 5 милиони денари.
Македонија
СДСМ утре на Конгрес ќе избира ново раководство
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија утре ќе го одржи 30. партиски Конгрес, на којшто ќе биде избрано новото партиско раководство.
Од опозициската партија известија дека Конгресот ќе има отворен и работен дел, ќе се разговара за идните, нови политики на партијата и ќе биде избрано новото раководство, однсно членовите на највисиките тела во СДСМ – Централниот и Надзорниот одбор.
На почетокот, ќе има обраќање на Венко Филипче, кој пред пет месеци ја презема претседателската функција од неговиот претходник, Димитар Ковачевски по големиот пораз што го претрпе партијата на парламентарните и претседателските избори.