Црна хроника
Двајца алпинисти загинаа во Алпите

Двајца алпинисти, Швајцарец и Французин, настрадале во несреќата којашто се случила во саботата во швајцарските Алпи, објави во неделата полицијата на кантонот Вале.
Несреќата се случила околу пладнето кога двајцата алпинисти се симнувале откако го освоиле врвот Вајсенхорн.
Од засега непознати причини, двајцата алпинисти, меѓусебно врзани, паднале од височина од 300 метри со височина од 4.200 метри.
Спасителите на лице место пристигнале со хеликоптер на „Air Zermatt“ само успеале да констатираат смрт на двајцата алпинисти. Жртвите се еден локален алпинист на 23-годишна возраст и француски 37-годишен државјанин./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Претреси во Кочани и Штип, пронајдена дрога, уапсени три лица

Вчера, полициски службеници извршија претрес во дом и помошни простории кои ги користи Е.Х.Х.(43) од Кочани. При претресот се пронајдени и одземени две метални дробилки-гриндери и марихуана, а Е.Х.Х. е лишен од слобода и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Исто така, вчера извршен е и претрес во домот на И.Р. (29) од Кочани, при што е пронајдена марихуана. И.Р. е лишен од слобода и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Денеска, пак, во претрес во дом кај А.Џ.(39) од Штип е пронајдена марихуана и дробилка. А.Џ. е лишен од слобода и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Му се заканувале по неговиот и животот на фамилијата: двајца скопјани изнудиле 300.000 евра од кумановец во период од осум години

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал денеска (05.08.2025) до Oсновното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против Ш.М. (34) и Ф.М. (37), двајцата од Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „изнуда“ по чл.258 ст.3 од Кривичен законик.
Во временски период од осум години, Ш.М. и Ф.М. од оштетено лице од Куманово, изнудувале пари, при што континуирано му упатувале сериозни закани врз неговиот и животот на неговата фамилија, со што прибавиле противправна имотна корист во вредност од 300.000 евра.
Во наведениот временски период оштетениот од Ш.М. земал 30.000 евра договарајќи се секој 1-ви во месецот да му исплаќа камата од 16%, при што до сега во повеќе наврати преку брз трансфер на пари, но и лично на Ш.М. му исплатил вкупно околу 300.000 евра.
На 04.08.2025, врз основа на претходен договор меѓу Ш.М. и оштетениот, тие се сретнале во кафе бар во склоп на бензинска пумпа во Куманово, каде оштетениот му дал на Ш.М. 2000 евра, по што Ш.М. е лишен од слобода, а при извршен преглед на лицето, кај него се пронајдени парите.
Врз основа на издадена наредба од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, извршен е претрес во куќа каде престојуваат Ш.М. и Ф.М., при што е пронајдена документација поврзана со кривичното дело.
Црна хроника
Внук ја натепал својата баба: семејно насилство во Скопје

Внук ја натепал својата баба во скопска Кисела Вода, соопшти полицијата.
Имено, синоќа во 20:19 часот во СВР Скопје, 75-годишна жена од Скопје пријавила дека во 18:30 часот во семејната куќа на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од нејзиниот внук Е.Д..
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.