Црна хроника
„Алфите“ уапсија тројца криминалци барани со потерница

Три лица кои се бараа со распишани потерници за издржување затворски казни за различни тешки кривични дела, од загрозување на безбедноста, па до спречување избори и гласање, беа приведени од припадниците на мобилната единица „Алфа“.
Во Скопје, на улицата „Ќемал Сејфула“ пронајден е и приведен Јетон Р. (26), баран по наредба од Основен суд Скопје 1 за издржување казна затвор во траење од вкупно тринаесет години и шест месеци. Пресудите му се изрекувани за повеќе кривични дела како: неовластено производство и пуштање во промет на наркотични средства и други психотропни супстанци, даночно затајување, загрозување на безбедноста, употреба на исправа со невистинита содржина, измами и прикривања.
Во вториот случај, на место викано Љубински пат приведен е 41-годишниот Исмет А.од село Сарај, Скопје, баран по наредба од Основен суд Скопје 1 – Скопје за издржување на казна затвор во траење од една година за фасификување на пари и за извршени повеќе тешки кражби.
Во третиот случај, „алфите“ на улица. Антон Попов го нашле 35-годишниот Али А., од село Грушино, Скопје, баран по наредба на Основен суд Скопје 1 – Скопје за издршување казна затвор во траење од шест месеци за спречување на избори и гласање, недозволено изработување, држење и тргување со оружје./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Возило на 26-годишник оштетено од неколку проектили од огнено оружје: полицијата го расчистува случајот

Вчера околу 21:20 часот во СВР Скопје, 26-годишниот Ш.Ј. од село Крушопек, општина Сарај, пријави дека на паркинг простор пред угостителски објект во село Лака, скопско, неговото паркирано патничко возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки било оштетено од неколку проектили од огнено оружје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредена 29-годишна жена од Битолско по пад од трактор

Вчера во 19:20 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Р-2333 Битола-Драгош, на крстосница за село Барешани, додека 30-годишниот Р.М. од село Острец, битолско, управувал трактор „тафе“ со приколка, неговата сопатничка У.М.(29) од истото село, паднала од тракторот, при што се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.
Црна хроника
14-годишник нападнат на трим-патека во Кисела Вода од повеќе малолетници

Вчера во 14:30 часот во СВР Скопје, 54-годишниот Д.Х. од Скопје пријави дека на 09.08.2025 околу 22:30 часот на трим патека на подрачје на Кисела Вода во Скопје, неговиот 14-годишен син, додека бил со неговиот брат и другарка, по претходна расправија, бил физички нападнат од повеќе малолетници, кои ги познава и кои носеле и метални предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот