Спорт
Азар: Модриќ не ми ја дава десетката
Реал Мадрид вчера пред 50.000 навивачи го промовираше Еден Азар. Белгиецот на „Сатнтијаго Бернабеу“ истрча во дрес без број, а се претпоставува дека ќе ја носи седумката.
Не е тајна дека бројот 10 му е омилен на Азар, но тој број во Реал веќе има сопственик, тоа е Лука Модриќ најдобриот играч во светот за 2018 година.
Едно од прашањата на промоцијата на Азар беше поврзано токму со бројот 10. Белгиецот се пошегувал дека Модриќ рекол дека нема да му го даде својот број.
„На шега го прашав Лука преку Матео Ковачиќ да ли ќе ми ја даде десетката. Одговорот беше не, што значи дека ќе морам да најдам некој друг број“, рекол Азар и дополнил.
„Во суштина бројот на дресот не е важен, за мене најважно е дека сега сум во Реал“.
Инаку Азар е на почетокот на својата кариера во Челси, во 2012 година не ја доби веднаш десетката, две години го носеше бројот 17 на грбот. Значи ќе мора да почека Модриќ да замине од Реал за да ја добие десетката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Фоден играч на сезоната во Премиер лигата
Фудбалерот на Манчестер сити, Фил Фоден, е избран за најдобар фудбалер во Англија за сезоната 2023/24 според гласовите на спортските новинари.
Фудбалерот на „Граѓаните“ во досегашниот дел од сезоната одигра 31 натпревар во Премиер лигата, постигна 16 гола и запиша седум асистенции.
Во ФА купот одигра четири натпревари на кои постигна два гола, додека во Лигата на шампионите одигра осум натпревари, забележа пет гола и три асистенции.
Манчестер сити го заврши учеството во Лигата на шампионите, откако беше елиминиран од Реал Мадрид, но се уште има шанса да се бори за титулата во Премиер лигата.
Арсенал моментално е прв на табелата во англиското фудбалско првенство со 80 бодови, додека Сити има бод, но и натпревар помалку, па финишот на сезоната ќе биде неизвесен.
Избраниците на Пеп Гвардиола на 25 мај ќе се борат за трофејот во ФА Купот против Манчестер Јунајтед во финалето.
Спорт
(Видео) Брансон ја испрати Филаделфија на летен одмор, Милвоки без Јанис немоќни против Индијана
Кошаркарите на Њујорк Никс и Индијана Пејсер се изборија за меѓусебна пресметка во полуфиналето на Источна конференција, во НБА лигата. Изминатата ноќ Никс и Пејсер ги забележаа победите број 4 против Филаделфија односно Милвоки.
Пред една деценија, Филаделфија го избра Џоел Ембид како прв пик на драфтот. Со него Сиксерси се уште немаат финале на Истокот.
Брилијантниот Џејлен Брансон го предводеше Њујорк до победата 118:115 во шестиот натпревар.
Брансон забележа 41 поен и 12 асистенции (трет последователен натпревар со најмалку 40 поени), Донте ДиВинченцо постигна 23 поени со седум асистенции, а О Џи Ануноби имаше 19 поени и девет скока.
Џош Харт додаде 16 поени, 14 скока и седум асистенции и ја постигна клучната тројка за победа на 24,4 секунди до крајот.
Во тимот од Филаделфија најефикасен беше Џоел Ембиид со 39 поени и 13 скока. Бади Хилд додаде 20 поени, Тајрис Макси имаше 17 поени, пет скока и пет асистенции, Кели Оубре имаше 17 поени и пет скока, а Николас Батум заврши со 16 поени и седум скока.
Индијана Пејсерс славеше против Милвоки 120:98 за вкупни 4:2 во серијата. Без Јанис Адетокумбо и со повредениот Демијан Лилард, Милвоки немаа шанса против Индијана. Шестиот меч го решија играчите од клупата. Резервите на Индијана постигнаа 40 поени.
Оби Торпин со 21, Ти-Џеј Меконел со 20 поени и девет асистенции, односно Паскал Сијакам со 19 ја предводеа Индијана.
На спротивната страна Лилард, кој го припушти претходниот меч постигна 28 поени, Боби Портис додаде 20 поени и 15 скока, а Брук Лопез 20 поени.
Спорт
Тонали повторно е казнет поради обложување
Фудбалерот на Њукасл, Сандро Тонали (23), повторно е казнет за нелегално обложување.
Фудбалската асоцијација на Англија (ФА), го казни со двомесечна суспензија условно и 20.000 фунти поради кршење на правилата поврзани со забраната за обложување во Англија.
Оваа казна значи дека Тонали ќе може да се врати на терените откако ќе му истече 10-месечната забрана што му ја изрече Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) на 27 октомври минатата година, со услов да не направи нов прекршок.
Минатата есен, ФИГЦ го казни Тонали за обложување на натпревари во Италија, а поради тоа овој талентиран играч за врска нема да може да игра на Европското првенство во Германија, каде Италија ќе ја брани шампионската титула.
Тонали на почетокот на оваа сезона се пресели од Милан во Њукасл за 70 милиони фунти и веднаш покажа дека ќе биде големо засилување за „страчките“.
Сепак, набрзо следеше суспензијата на ФИГЦ, па младиот Италијанец забележа само осум настапи, на кои постигна еден гол во дресот на Њукасл.