Вести
Обама најавува нови удари во Сирија, Пахор смета дека без мандат на ОН се рискантни

Американскиот претседател Барак Обама во вторникот најави нови напади врз екстремистите во Сирија, откако претходната ноќ САД и неговите арапски сунитски сојузници во регионот ги нападнаа позициите на џихадистите од Исламската држава и уште една организација за кои Вашингтон смета дека планирале напади во Америка и Европа, а неговиот словенечки колега Борут Пахор изјави дека дури во саботата навечер дознал дека Словенија е ставена на листата од 50-ина американски сојузници за војната против IS, како и дека за учество во тие операции е потребен мандат од Советот за безбедност при Обединетите нации.
„Нема да ги толерираме бастионите на терористите кои му се закануваат на нашиот народ“, изјави американскиот претседател Барак Обама напуштајќи ја Белата куќа од каде отпатува во седиштето на Обединетите нации во Њујорк. Таму ќе се сретне со челниците на арапските земји кои се придружија на коалицијата што ја предводат САД против џихадистите од Исламската држава.Белата куќа објави дека покрај позициите на Исламската држава, ноќта кон вторникот на територијата на Сирија била нападната и групата Хорасан, блиска на глобалната терористичка мрежа Ал Каеда за да ги осуети нејзините планови за напади врз западни цели.„Веќе извесно време го следиме планирањето на нападите во САД или во Европа“, изјави заменикот советник на Обама за национална безбедност, Бен Родес, во разговор со новинарите кои патуваат заедно со американскиот претседател на Генералното собрание на ОН. „Веруваме дека планирале напади и надвор од Сирија“, додаде Родес.Обама претходно рече дека не е можно да се оцени колку операциите во Сирија и во Ирак под американско лидерство ќе траат. Во писмото до Конгресот на САД, Обама соопшти дека „Невозможно е да се знае траењето на тие операции. Ќе продолжам со дополните мерки неопходни за заштита и сигурност на американските државјани и нашите интереси од заканите на Исламската држава“, наведе американскиот претседател.Американските напади во Сирија беа помогнати со учество и на Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Јордан и Бахреин, додека само Франција веќе започна со напади врз позициите на џихадистите во Ирак, додека другите клучни американски сојузници, како Велика Британија, или сѐ уште се двоумат или најавија само поддршка на операциите без конкретно дејствување на нивните вооружени сили. Исто така, постои двоумење дали овие напади во трети земји можат да бидат преземани без одобрување на Обединетите нации, односно нивниот Совет за безбедност.Во тој контекст, словенечкиот претседател Борут Пахор во вторникот навечер призна дека дури во саботата дознал дека Словенија е на листата од педесетина држави кои ќе бидат сојузнички на САД во операциите против Исламската држава во Ирак и во Сирија.Пахор, меѓутоа, оцени дека за учество во тие акции против терористичката организација би бил неопходен мандат од Советот за безбедност при ОН. „Голем е ризикот доколку таквите акции се преземаат без потребниот мандат од Обединетите нации“, рече Пахор во изјавата за словенечките медиуми Њујорк каде учествува на заседанието на Генералното собрание на светската организација.Словенечкото министерство за надворешни работи кон крајот на минатата седмица, коментирајќи го појавувањето на Словенија на споменатата листа што ја објави Стејт департментот, наведе дека не е веројатно учеството на Словенија во оружени операции против Исламската држава, но дека земјата е подготвена да даде свој придонес во хуманитарните и другите операции во врска со борбата против исламските екстремисти./крај/мф/сн
Извор: AFP/STA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.