Контакт

Вести

Асад: Војната во Сирија ќе биде долга и тешка

Објавено пред

Сирискиот судир ќе биде тежок и долго ќе трае, а сириската армија не може истовремено да биде насекаде, изјави сирискиот претседател Башар ал-Асад во интервјуто коешто целосно беше објавено во четвртокот во францускиот весник Paris Match, направен во сириската престолнина Дамаск на 29-ти ноември, истакнувајќи дека има намера и натаму да остане на власт и покрај инсистирањето на вооружената опозиција, исламистичките групи, на сунитските арапски земји во регионот, како и на Турција и Западот.
 

dobivaj vesti na viber

Сирискиот судир ќе биде тежок и долго ќе трае, а сириската армија не може истовремено да биде насекаде, изјави сирискиот претседател Башар ал-Асад во интервјуто коешто целосно беше објавено во четвртокот во францускиот весник Paris Match, направен во сириската престолнина Дамаск на 29-ти ноември, истакнувајќи дека има намера и натаму да остане на власт и покрај инсистирањето на вооружената опозиција, исламистичките групи, на сунитските арапски земји во регионот, како и на Турција и Западот.

 

Сирискиот претседател Башар ал-Асад, кој потекнува од алавитската (шиитска) заедница, во интервјуто вели дека не може да предвиди кога ќе заврши војната со бунтовниците коишто од март 2011 година се обидуваат да го соборат од власта, меѓутоа смета дека непријателите не успеале да ја добијат поддршката кај народот што им овозможува на владините сили да напредуваат.

Имено, покрај поддршката од малцинската алавитска заедница, Асад ја има поддршката и од христијанската заедница, од Друзите, како и од дел од сунитските секуларни елементи но и влијателни сунитски клерици во Сирија. Додека значајното малцинство на Курдите во конфликтот се држи неутрално, и има премолчен договор за ненапаѓање со владините сили, туку се грижи да ги одбрани своите области од навлегувањето на радикалните исламистички групации и да ја зацврсти својата власт на териториите кон Турција, иако во минатото нивните претставници се жалеа дека власта на Асад ги запоставува и ги узурпира нивните права.

Сирискиот претседател дека воздушните напади, без координација и официјална согласност на Дамаск, на американската авијација во делови од Сирија коишто ги контролираат џихадистите од Исламската држава, претставуваа „незаконска интервенција“, како и дека не успеале да влијаат врз борбата против оваа терористичка групација против владините сили.

„Сириската армија не може да биде насекаде истовремено. Кога ја нема војската, терористите ја користат можноста да ја минат границата и преминуваат од една област во друга“, вели сирискиот претседател во интервјуто за француското списание.

„Не станува збор за војна меѓу две војски во којашто едната окупира една територија, а другата некоја друга. Тоа не е тој вид војна. Тука се работи за терористички групи кои се инфилтрираат во градовите и во селата. Значи, сметам дека оваа војна ќе биде тешка и оти долго ќе трае“, вели Асад.

Негира каква и да е директна координација меѓу сириските воени сили и меѓународните коалициски сили предводени од САД против Исламската држава, и покрај тоа што целите и на едните и на другите се областите коишто ги контролираат џихадистите. „Нема никаква директна координација. Се бориме и го напаѓаме тероризмот насекаде, без разлика на тоа што го прават САД или коалициските сили“, категоричен е сирискиот челник чиешто семејство управува со земјата повеќе од три децении.

Во едно од поретките интервјуа за западните медиуми, Асад вели дека нападите на сојузничките сили врз радикалните исламисти се „само козметички“.

Запрашан дали таквата операција на Западот и земјите кои бараат негово заминување од власта, всушност му помогнала, Асад, чиишто сили веќе три години се борат, предупредува дека на теренот војуваат всушност против исламистички групации и вели дека „тероризмот не може да биде запрен со воздушни удари“.

„Тероризмот не може да биде сопрен со воздушни напади. Неопходни, во прв ред, се копнените војски, војниците на теренот коишто ја познаваат таа територија и може да реагираат брзо. Поради тоа немаше доволно опипливи резултати во двата месеца од ударите на коалицијата“, вели Асад во интервјуто за Paris Match, во исечокот кој беше објавен во средата.

Сирискиот претседател притоа додава дека владините сили коишто директно се борат со силите на Исламската држава на теренот на забележале никакви позитивни резултати, во поглед на намалувањето на борбената моќ на џихадистите, како последица на воздушните удари.

„Не е вистина дека ударите помагаат. Тие би помогнале доколку се сериозни и ефикасни. Ние водиме борби на теренот против Даешите (Daesh – арапски акроним за Исламската држава) и не забележавме никакви промени, особено имајќи предвид дека Турција им дава директна помош на тие региони“, тврди Асад.

Бунтот против власта на Башар ал-Асад, по инерција на ткн Арапска пролет со којашто во низа арапски земји беа сменети децениските авторитарни власти, започна во март 2011 година со протести кои набрзо откако западните медиуми ги обвинија сириските сили за бруталност се претворија во отворен суд меѓу сунитската вооружена опозиција и приврзаниците на Асад. Притоа, официјален Дамаск редовно ја обвинува сунитска Турција, како и Саудиска Арабија и Катар, дека го иницирале, финансиски и со луѓе, бунтот на сунитската вооружена опозиција во Сирија, како и дека ги поддржува исламистичките групации во земјата, како што е Исламската држава или Фронтот ан-Нусра, којашто е сириски огранок на глобалната терористичка мрежа Ал Каеда. Такви обвинувања последните месеци дојдоа и од некои западни сојузници, но Анкара решително ги негира таквите тврдења.

Асад тврди дека неговата армија напредува во многу региони, а на прашањето дали сопственото заминување од власта го гледа како решение на ситуацијата и дали стравува од можноста да му се повтори судбината на другите арапски децениски автократски челници, како ирачкиот Садам Хусеин и либискиот Моамер ел-Гадафи, кои беа ликвидирани, сирискиот претседател Башар ал-Асад се поистовети себеси со капетан на брод. „Државата е како брод. Капетанот останува на него среде бурата. Капетанот не размислува за смртта или животот, тој мисли како да го спаси бродот. Доколку размислува за потонување, сите ќе изгинат. Јас правам сé што е во мојата моќ да се спаси земјата“, порачува Асад.

Во интервјуто, исто така, сирискиот претседател ја користи можноста да ги демантира процените коишто минатата седмица ги објавија Обединетите нации, според коишто од март 2011 година животите ги загубиле околу 200 илјади луѓе. Асад тврди дека тие бројки, како и за повеќе од седум милиони раселени, „се претерани“./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Јордан Апостолски, Наташа Бошкова и Сашо Георгиевски кандидати за судии во Европскиот суд за човекови права

Владата на денешната 141 седница беше информирана за текот на постапката за номинирање кандидати за позицијата судија во Европскиот суд...

Македонија4 часа

Утрешното судење за пожарот во „Пулс“ е одложено за 26 јануари

Судењето за пожарот во „Пулс“ што требаше да се одржи утре е одложено за 26 јануари, соопшти Кривичниот суд. Расправата...

Македонија4 часа

Бугарски државјанин протеран од земјава, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина

Полицијата уапси бугарски државјанин на Граничен премин Деве Баир, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина. Според...

Македонија4 часа

МНР апелира македонските државјани да го напуштат Иран во прва можна прилика

Министерството за надворешни работи апелира сите македонски државјани што се наоѓаат во Иран да ја напуштат земјата поради влошената состојба....

Македонија4 часа

Обвинителството бара притвор за лицето што ја искрши влезната врата на бугарската Амбасада

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Оштетување туѓи предмети од член 243 став...

Македонија5 часа

Техничката влада мора да остане, велат од СДСМ

Техничката влада мора да остане. Таа е единствена шанса, единствен обид за некакви минимални услови за фер избори, велат од...

Македонија9 часа

Со паричка во погача, голем број семејства вечерва ќе ја дочекаат Старата Нова година

Според Јулијанскиот календар, по кој се водат православните христијани, вечер се дочекува православната нова година, кај народот позната уште како...

Топ10 часа

Во Кавадарци се води истрага за два случаи на сексуално насилство врз деца

Кавадаречкото Обвинителство  споведува истрага за два одвоени случаи во кои има сомненија за силување на дете кое не наполнило 15...

Свет10 часа

Словачките лидери едногласни: Крај на воената помош за Украина

Највисоките словачки функционери – претседателот Петер Пелегрини, премиерот Роберт Фицо и претседателот на парламентот Рихард Раши – потврдија единство околу...

Свет10 часа

Претседателката на Молдавија: На референдум би гласала за обединување со Романија

Претседателката на Молдавија, Маја Санду, изјави дека би гласала за обединување со Романија доколку тоа прашање некогаш се најде на...

Свет10 часа

Германија предупредува: Плановите на Трамп за Гренланд може да го загрозат НАТО

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека сојузниците во НАТО мора да соработуваат кога станува збор за безбедноста...

Свет11 часа

Конгресмен предлага закон за анексија на Гренланд

Републиканскиот конгресмен Ренди Фајн предложи закон до американскиот Конгрес со кој на САД би им се овозможила анексија на Гренланд...

Македонија21 час

18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот....

Топ1 ден

Уапсен жител на Богданци за убиство на сопствената мајка

Полицијата уапси 39-годишен жител на Богданци, осомничен за убиство на сопствената мајка. Според информациите од МВР,  денеска во Полициската канцеларија...

Македонија1 ден

Уапсено лицето што го оштети стаклото на влезната врата на бугарската амбасада во Скопје

Полициски службеници од МВР денеска (12 јануари 2026 година) во 12:40 часот на улицата Кирил и Методиј во Скопје го...

Македонија1 ден

Како членка на НАТО, не ни прилегаат технички влади, а предвремените избори носат нестабилност, рече Гаши

Претседателот на Собранието Африм Гаши изјави дека е поборник на идејата за одржување редовни избори, оценувајќи дека честите предвремени избори...

Култура1 ден

„Една битка по друга“, „Хамнет“ и „Адолесценција“ доминираа на Златните глобуси

Во неделата беа доделени престижните награди Златен глобус. Филмот „Една битка по друга“ (One Battle After Another) беше прогласен за...

Македонија1 ден

Непознати глутници се појавија преку ноќ – пронајдени улични кучиња од Албанија во Скопје, се бара истрага и проверка на безбедносните камери

Здружението за заштита на животните Анима Мунди алармира и јавно бара итна, темелна и независна истрага поради сериозни индиции за...

Македонија1 ден

Водата се повлекува во повеќе региони, дел од патиштата затворени поради поплави, одрони и снег

Центарот за управување со кризи информира дека по обилните врнежи, состојбата на терен е стабилизирана во дел од регионите, а...

Македонија1 ден

Алиу: Предлог-законот за заштита од пушење објавен на ЕНЕР, отвораме јавна расправа пред неговото усвојување

Министерството за здравство информира дека предлог-законот за заштита од пушење е објавен на електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР), каде...