Европа
Тинејџерот што планира да го нападне принцот Хари осуден на 4 години и 3 месеци затвор

Тинејџерот што ја сподели фотографијата на принцот Хари со вперен пиштол во главата, црвена дамка и кукест крст е осуден на 4 години и 3 месеци затвор.
Неколку месеци по свадбата на принцот Хари со поранешната актерка Меган Маркал, Мајкл Шевчук (19) во објава на социјалните мрежи со фотографија порача: „Ќе се видиме подоцна, предавнику на расата“, објави АП.
Шевчук беше осуден за кривично дело поттикнување терористички дејства, а судијката Ребека Пулет изјави дека фотографијата е одвратна.
Тинејџерот е член на неонацистичката група „Дивизија на сончевата војна“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Трамп го откажа учеството на преговорите откако беше објавено дека Путин нема да присуствува

Американскиот претседател Доналд Трамп нема да оди во Турција за да учествува на руско-украинските разговори, изјави американски функционер.
Тој ја даде изјавата откако Кремљ објави список на руската делегација на преговорите, на кој не е вклучен претседателот Владимир Путин.
Трамп претходно изјави дека е можно да отпатува во Истанбул доколку Путин е таму.
Американската страна објави дека во нивната делегација ќе бидат државниот секретар Марко Рубио и специјалните пратеници Стив Виткоф и Кит Келог.
Зеленски е единствениот шеф на држава кој патува во Турција
Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно објави дека ќе отпатува за Истанбул каде, како што рече, ќе го чека својот руски колега Владимир Путин.
Украински функционер објави дека Зеленски е на пат кон Анкара, каде што треба да се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Европа
Русите без Путин одат на преговори со Украинците

Кремљ вчера вечер ги откри членовите на делегацијата што денеска ќе учествува во директните преговори со Украина во Истанбул, но меѓу нив не се споменува претседателот Владимир Путин.
Руската делегација ќе ја предводи претседателскиот советник Владимир Медински, а ќе бидат и заменик-министерот за надворешни работи Михаил Галужин и заменик-министерот за одбрана Александар Фомин, според списокот објавен од Кремљ.
Преговорите за евентуален крај на војната во Украина се закажани за четврток во Турција. Но, веќе со денови се шпекулира за тоа кој ќе седне на масата.
Самиот Путин повика на директни преговори меѓу Русија и Украина во најголемиот турски град „без предуслови“, а потоа украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека ќе дојде лично и изрази очекување дека ќе дојде и рускиот претседател.
Европа
Објавено кои санкции ги воведува ЕУ кон Русија: опфатени се и компании од Виетнам, Србија и од Турција за кои постои сомневање дека ја снабдуваат руската војска

Амбасадорите на земјите членки на ЕУ постигнаа договор за 17-тиот пакет-санкции против Русија, кој треба да го потврдат министрите за надворешни работи следната недела. Новиот пакет-санкции вклучува речиси 200 нови танкери од таканаречените флоти во сенка што Русија ги користи за да ги заобиколи санкциите.
Станува збор за стари, неосигурени бродови, кои користат разни трикови за да го скријат потеклото на нафтата што ја транспортираат, вклучително и испраќање фалсификувани податоци и исклучување на транспондерите. Се сомнева дека бродовите се користат и за саботажи на подморничката инфраструктура. Досега 153 вакви брода се санкционирани и им е забрането да се закотвуваат во европските пристаништа. Сега тој број се зголеми на речиси 350 брода.
30 компании се додадени на листата на санкции поради вмешаност во заобиколување на санкциите, особено кога станува збор за производи со двојна намена. Овие компании ќе се соочат со нови трговски ограничувања. Санкциите ќе ги опфатат и компаниите од земји како Виетнам, Србија и Турција за кои постои сомневање дека ја снабдуваат руската војска.
Додадени се уште 75 поединци и компании поврзани со воено-индустрискиот комплекс. Исто така, се забранува извоз на хемикалии од ЕУ што може да се користат за производство на ракети.
Заедно со овој пакет, ЕУ ѝ се закани на Русија со масовни санкции доколку одбие да го прифати предлогот за прекин на огнот од 30 дена, поддржан од САД.
Германскиот канцелар Фридрих Мерц ја предупреди Москва во вторникот дека ќе се соочи со дополнителни санкции доколку нема вистински напредок кон мир во Украина оваа недела. Мерц го покани рускиот претседател Владимир Путин да седне со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Истанбул в четврток за да разговараат за прекин на огнот и евентуално мировно решение.