Контакт

Спорт

Капело: Марадона имаше подобри соиграчи за разлика од Меси!

Објавено пред

Италијанскиот фудбалски тренер, Фабио Капело истакнува дека Лионел Меси не е виновен што Аргентина не може ништо да направи на големите натпреварувања.

dobivaj vesti na viber

Гаучосите во 2008 година ги освоија Олимписките игри, но на трофеј на Светско првенство и на Копа Америка чекаат веќе 25 години.

Ниту на оваа Копа Америка не започнаа добро, воведен пораз од Колумбија со 2-0.

Иако во составот го имаат феноменалниот Лионел Меси, на голем трофеј се уште чекаат. Поради тој податок, многумина Меси го споредуваат со аргентинската фудбалска легенда, Диего Армандо Марадона кој стана светски шампион со својата земја во 1986 година.

„Луѓето секогаш зборуваат за тоа, но Марадона околу себе имаше подобри соиграчи, отколку што денеска има Меси. Она што и недостига на Аргентина во моментов се квалитетни играчи во одбраната и во средниот ред“ вели Капело.

Спорт

(Видео) Наполи во 92.минута остана без победа против Рома

Објавено пред

Дерби дела Соле во 23. коло во Серија А, дуелот меѓу Рома и Наполи заврши без победник, 1:1.

dobivaj vesti na viber

Според досега прикажаното најсериозните кандидати за титулата во Серија, Наполи и Интер, гостуваа во 23.коло. Интер одигра 1:1 со градскиот ривал Милан. Бод за Интер спаси Де Фрај во 93.минута.

Наполи во целост го контролираше натпреварот на „Олимпико“. Наполитанците максимално ја искристија чудната постава во која насташи Рома. Клаудио Раниери на клупата ги остави Салемакерс, Паредес, Довбик, Дибала.

Поранешниот играч на Рома, Спинацола, во 29.минута, во стил на напаѓач го лобуваше Свилар и му донесе предност на Наполи.

Во останатиот дел од мечот имаше многу борба, главно на средината на теренот, но без многу шанси.

Најдобрата шанса за израмнување ја имаше Рома во 75. минута, Паредес од слободен удар од речиси 30 метри, ја погоди стативата. Но гостите немаа одговор во 92.минута. Стрелец беше левиот бек на Рома, Анхелињо, кој фати волеј по центаршутот на Салемакерс.

Интересен факт: последен пат Наполи ги добил двата натпревари во Серија А против Рома во сезоната 1920/21 година.

Прикажи повеќе...

Спорт

ЛА Лејкерс објавија фотографија на Дончиќ во дресот на Лејкерс

Објавено пред

Лос Анџелес Лејкерс на својот Инстаграм профил го објавија и потврдија трејдот на Лука Дончиќ од Далас.

dobivaj vesti na viber

Целиот кошаркарски свет го шокира веста дека словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ е трејдуван од Далас во Лејкерс.

Ентони Дејвис тргна во спротивна насока и кариерата ќе ја продолжи во Далас Маверикс. Сега Лејкерси објавија слика со Лука Дончиќ во дресот на Лејкерс.

Лука се уште има проблеми со повредата на скочниот зглоб, а откако ќе се рехабилитира ќе ги одигра првите минути во дресот на својот нов клуб.

Прикажи повеќе...

Спорт

(Видео) Тенисер се заби во противникот и поради тоа победи

Објавено пред

Неверојатна сцена го обележа мечот од Дејвис купот помеѓу репрезентациите на Чиле и Белгија.

dobivaj vesti na viber

Во решавачкиот меч за пласман понатаму решаваа Зизу Бергс и Кристијан Гарин. Дуелот имаше неверојатен крај.

Во последниот сет Бергс направи брејк за 6:5 и реши да слави. Тој скокна и удри во противникот, кого го собори на теренот.

Чилеанците бараа дисквалификација за Бергс, но судијата не се согласи со нив. На Гарин му отече окото и не сакаше да го продолжи натпреварот, поради што беше казнет.

Судијата му одзеде гем на Чилеанецот, а Белгија се пласира во наредната рунда.

На крајот резултатот беше 6:3, 4:6, 7:5 за Бергс.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа18 минути

(Видео) Голем украински напад со дронови, Русија ги затвора аеродромите

Украина синоќа употреби беспилотни летала за да ги нападне објектите за гориво и енергија во руските региони Астрахан и Волгоград....

Европа43 минути

(Видео) Зеленски: Украина е поблиску до мир од кога и да било од почетокот на војната

Украина успеа да ја одбрани својата држава и независност и сега е поблиску до мир отколку кога било во речиси...

Свет1 час

Трамп: Наскоро воведуваме царини за Европската унија, тие навистина не искористија

Царините за стоките увезени во САД од ЕУ ќе се случат „многу наскоро“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп. „Тие навистина...

Свет1 час

(Видео) Канадските навивачи ја исвиркаа американската химна неколку часа по одлуката на Трамп

Неколку часа откако претседателот на САД, Доналд Трамп, најави воведување високи царини за канадски увоз, а по контроверзните предлози на...

Македонија13 часа

(Фото) Илјадници граѓани пред Кривичниот суд, извикуваат „оставка“ и „правда за Фросина“

Граѓаните кои протестираат пристигнаа пред Кривичниот суд. Поради масовноста на протестот, толпата не продолжи кон Обвинителството, па од Собранието тргнаа...

Македонија14 часа

(Фото) Три минути молк пред Собранието на Македонија

Демонстрантите стигнаа до Собранието. Во тек е триминутен молк и тука. Стотици граѓани со транспаренти во ист глас извикуваа „Убијци!“...

Македонија14 часа

(Фото) Граѓаните тргнаа кон Собранието

Присутните граѓани на протестот „Секој еден може да е следен“ тргнаа кон Собранието, оттаму ќе се уптатат кон Основното јавно...

Македонија15 часа

(Видео) Три минути молк на почетокот на протестот

Протестот на Партизанска започна со три минутен молк. Присутни се голем број граѓани со транспаренти на кои пишува „Безбедноста е...

Македонија15 часа

(Видео) Почна протестот „Правда за Фросина“, во првиот ред родителите и сестрата

Почна протестот на Партизанска на кој се бара правда за смртта на младата Фросина. Присутни се голем број граѓани со...

Македонија15 часа

(Фото) Граѓани веќе се собираат на Партизанска за протестот закажан во 17 часот

На булеварот Партизански одреди во Скопје веќе се собираат луѓе за протестот кој е најавен за во 17 часот. Дел...

Топ19 часа

Бараме да одговара и таткото на убиецот и судијката кои наместо да изразат сочувство, кукавички бришат профили, рече сестрата на Фросина на протестот во Кавадарци

Во Кавадарци е одржан протест поради смртта на Фросина. Нејзината сестра, Росица Кулакова, порача дека ќе бара одговорност и од...

Топ20 часа

Битолчанец со автомобил удрил пешак, со тешки телесни повреди е префрлен во болница

Mинистерството за внатрешни работи информира дека вчера 64-годишен битолчанец со автомобил удрил пешак, свој сограѓанин, при што тој се здобил...

Македонија21 час

Апасиев предлага законски измени: ограничен мандат и враќање на југословенскиот модел за кривична одговорност на судиите

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, на социјалните мрежи најави законски измени коишто ќе бидат предложени во следниот период од пратеничката...

Македонија22 часа

Вонредна инспекција на АХВ: уништени 110 килограми небезбедна храна во болнички кујни

Сто и десет килограми небезбедна храна, минатата недела уништија инспекторите за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство, во кујни...

Македонија22 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Трулиот судски систем носи жртви, затоа бараме реформи кои СДС ги кочи

Трулиот судски систем носи жртви, затоа бараме реформи кои СДС ги кочи, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Смртта на Фросина можеше да...

Македонија22 часа

Таткото на Фросина му се заблагодари на Пандов: Ја враќаш вербата дека државата конечно функционира

Семејството на Фросина Кулакова се заблагодари на раководството на затворот во Шутка и на директорот на Управата за извршување санкции,...

Македонија23 часа

Денеска протести за смртта на Фросина: во 12 часот во Кавадарци, во 17 часот пред Универзална во Скопје

Денеска ќе се одржат два протеста за смртта на младата Фросина. Првиот протест ќе се организира на плоштадот во Кавадарци,...

Македонија2 дена

(Фото) Утре масовни протести за смртта на Фросина, точно на пладне во Кавадарци, во 17 часот пред Универзална во Скопје

Утре точно на пладне се организира протестен собир во Кавадарци за да се оддаде почит нa Фросина Кулакова од Неготино,...

Македонија2 дена

Јанев: Мапирани се црните точки низ државата, нѝ требаат системски решенија за безбедноста во сообраќајот

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, изјави дека се направени детални анализи на сообраќајната ситуација во државата, при...

Македонија2 дена

(Видео) Цветановски: Симовска веднаш да биде разрешена, за хаосот на Клиниката „Козле“ мора да има одговорност

После 40 години е доведено во прашање функционирањето на единствениот оддел за бронхоскопија во државата, многу важна за здравјето на...