Македонија
(Видео) Заев на 60-годишнината на техничките факултети: Ги покривате најважните дејности за развојот на земјата
Премиерот Зоран Заев вчера присуствуваше и имаше свое обраќање на одбележувањето на 60-годишнината од основањето на Машинскиот факултет, на Факултетот за електротехника и информациони технологии (ФЕИТ) и Технолошко-металуршкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
Во својот говор премиерот истакна дека се одбележуваат 60 години историја и вградени кариери и знаења на генерации и генерации професори и научни работници.
Потоа, осврнувајќи се кон она што претстои, Заев нагласи дека областите што ги покриваат овие три факултети се носечките индустрии на иднината и го заслужуваат токму тоа внимание.
„За нашата земја, тоа се исклучително важни дејности како основа за нашиот развој, како основа за креирање нови работни места, нови вештини и нови бизнис-модели на брзорастечки и конкурентни индустрии во глобалниот свет. Во таа насока Владата останува партнер на системот на универзитетското образование и ќе ја дава неопходната поддршка“, посочи премиерот.
Нагласи дека целта е многу бргу да се обезбеди иднината на техничките науки преку финансирање опрема за лаборатории како предуслов за развој на капацитетите на научните работници и како можност за нови развојни проекти што произлегуваат од науката.

На овој настан покрај премиерот Заев свое обраќање имаа и деканот на ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, професор доктор Никола Јанкуловски, деканот на Машинскиот факултет, професор доктор Дарко Данев, деканот на Факултетот за електротехника и информациони технологии, професор доктор Димитар Ташковски и деканот на Технолошко-металуршки факултет, професор доктор Јон Магдески, кои ја потенцираа важноста на постоењето на факултетите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење
Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Ресен – Граничен премин Стење.
„Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој пат, а надлежните институции преземаат мерки и активности за чистење на патот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена“, велат од МВР.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.

