Македонија
Кривичниот суд: Сеад Кочан од 17 јули во затвор
Судија за извршување санкции при Основниот кривичен суд во Скопје, надлежен да
постапува по предметот на СЈО – „Труст“, изготвил и доставил упатен акт за бизнисменот Сеад Кочан, кој со правосилна пресуда е осуден на ефективна казна затвор од четири години и 8 месеци. Тој треба да се јави во затвор на 17 јули.
„Според упатниот акт, а во согласност со член 137 и 139, ст.3 од Законот за извршувањето санкции, осудениот е должен на 17.7.2019 да се јави на издржување на казната затвор во наведената казнено-поправна установа“, соопштија од Кривичниот суд.
На обвинетиот Василије Авировиќ во предметот „Труст“ скопска Апелација му изрече алтернативна мерка условна осуда, казна затвор во траење од 2 години, која нема да се изврши доколку обвинетиот за време од 5 години по правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело.
Сеад Кочан претходно со првостепената пресуда беше осуден на 6 години затвор, а Авировиќ на 3 години. Обвинетите беа осудени за злоупотреба на постапка за јавна набавка. И двајцата добија забрана за вршење дејност и да бидат управители или одговорни лица на правно лице во траење од 3 години. Третообвинениот во предметот, Сафет Ватиќ, беше ослободен од обвинението, како и неговата фирма „Вато“ ДООЕЛ.
Правните лица „Трансмет“ и „Силекс неметали – Кратово“ добија парична казна од два милиона денари. И двете фирми добија забрана за учество во јавни набавки за три години. Судот за нив определи и конфискација на имот од 1 милијарда и 60 милиони денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење
Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Ресен – Граничен премин Стење.
„Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој пат, а надлежните институции преземаат мерки и активности за чистење на патот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена“, велат од МВР.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.

