Македонија
Штерјев не планира да ја плати прекршочната казна од антикорупциската комисија
Првиот човек на Советот на јавните обвинители, Коле Штерјев, изјави дека не планира да ја плати прекршочната пријава што му ја определи Државната комисија за спречување на корупцијата, која констатира судир на интереси на седницата кога се избирала неговата внука Марија Ѓорѓева во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.
„Беше индикативно дека за баџанакот на претседателот на Собранието не било роднинство од втор степен, а тука е прв степен подалечно роднинство“, рече Штерјев.
Тој им порача на антикорупционерите да бидат, како што рече, поконскевентни и да утврдат што е прв, а што е втор степен.
За прекршочната глоба од ДКСК, Штерјев рече дека не планира да ја плаќа. „Не ја платив. Не ми паѓа на ум. Кога ќе одлучи судот, тогаш“, рече Штерјев.
Следната недела во Советот на јавните обвинители ќе се разгледуваат и жалбите на тројцата обвинители кои не постапија за увидот во Собранието на 27 април: Гордана Гешковска, Јован Цветановски и Златко Биковски. Тие се во прв степен дисциплински казнаети да добиваат 30 отсто помала плата половина година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно и студено со сончеви периоди, повремено ќе дува засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа дневните температури ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.

