Македонија
(Видео) Заев в недела ќе го достави предлогот за владина реконструкција
Премиерот Зоран Заев в недела ќе го достави до Собранието предлогот за владина реконструкција наместо денеска како што претходно најави. Одлуките, тврди тој, веќе се донесени, но детали за тоа кои министри ќе бидат сменети не открива. Ќе има смена на ресори, но и нови имиња. Причината за одложувањето на реконструкцијата, според Заев, е посетата на странски гости и претставници на ММФ и Светската банка.
„Тоа е причината што в недела попладне предлозите ќе ги доставам до Собранието“, рече Заев.
Реконструкцијата во Владата е поврзана и со метлата во партијата, каде што сè уште не се назначени потпретседатели, а останале и 20-ина претседатели на општински организации на СДСМ.
Заев не сакаше да го потврди ниту името на новиот предлог за министер за култура, што, според партиски извори од Алтернативата, веќе го договориле Заев и Гаши. Станува збор за универзитетскиот професор Хисни Исмаили.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

