Македонија
(Видео) Попов: Дали зад одржувањето на фонтаните се крие уште една зделка на Град Скопје и ЈП „Водовод“

И на пеколно топло време некои дел од фонтаните не работат и не се одржуваат поради неспособноста на Град Скопје и ЈП „Водовод“ да стопанисува со нив. Згора на тоа, се чини дека зад одржувањето на фонтаните се крие и исплатлив бизнис, обвини Сергеј Попов, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
„ЈП ‘Водовод’ и Град Скопје тврдеа дека мистериозно е украдена опрема за фонтаните во износ од 60 илјади евра за сега да распишат тендер за одржување на фонтаните од над половина милион евра. Поточно, 580 илјади евра вреди договорот што ЈП ‘Водовод’ го склучи со фирмата ‘Хидротек’. За 7 фонтани ќе се потрошат 580 илјади евра, со посебна ставка во договорот за набавка на потребни резервни делови и опрема, што отвора сомнеж дека замената на украдената опрема е многу повеќе од 60 илјади евра.
Досега немаше одговорност за тоа што пред очите на Град Скопје мистериозно снема опрема вредна неколку десетици илјади евра. Оттука се поставуваат прашањата:
Дали зад одржувањето на фонтаните се крие уште една матна зделка на Град Скопје и ЈП ‘Водовод’?
Зошто Град Скопје драстично ја укина чуварската служба од претходно и дали зад украдената опрема за фонтаните се крие можност за уште една исплатлива заработка на некои фирми?
Ако од ЈП ‘Водовод’, советникот на премиерот, Зечевиќ, за адвокатски услуги заработуваше илјадници евра, дали со новата зделка од половина милион евра се крие исплатлива заработка за некој советник на Заев близок до СДСМ? Колкава е точно сумата за украдената опрема и кој ќе понесе одговорност за ова?“, истакна Попов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Владата: Ќе го прифатиме секој договор помеѓу синдикатите и работодавачите

Премиерот Христијан Мицкоски заедно со министерот за економија и труд, заменик-министерот за економија и труд, државниот секретар во Министерството за финансии и советникот во Кабинетот на претседателот на Владата одржа средба со претставници на синдикатите.
Се разговараше за минималната плата, колективниот договор и репрезентативноста на синдикатите.
„Ставот на Владата во врска со зголемувањето на минималната плата е јасен и поврзан со закон. Имено, согласно закон Владата е обврзана да го определи нивото на минималната плата најдоцна до 31 март. Владата ќе го прифати секој договор помеѓу синдикатите и работодавачите, во моментот кога тој ќе биде постигнат во рамките на економско социјалниот дијалог“, велат од Владата.
Македонија
Утре променливо облачно време со локален дожд попладне

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има локален дожд, а на планините повремен снег.
Ќе дува умерен, а во источните делови и вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 10 до 18 степени, јавува УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има услови за повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Следува период на стабилно и топло време, освен утре и во сабота кога ќе има локални врнежи од дожд. Утринските и дневните температури ќе бидат во пораст.
Македонија
Работен состанок за решавање на предизвиците од областа на судските и дисциплинските постапки

Министерството за внатрешни работи се одржа работен состанок помеѓу претставници на МВР, Државниот правобранител на РСМ, Основниот граѓански суд-Скопје, Апелациониот суд-Скопје и Државната комисија за одлучување во управна постапка.
Целта на средбата беше дискусија за отворените прашања во врска со роковите за носење на решенијата во дисциплински постапки и други прашања од областа на судските и дисциплинските постапки.
Претставниците на институциите се договорија овие работни средби да продолжат и во иднина со цел меѓуинституционално решавање на сите предизвици со крајна цел заштита на правата на работниците и избегнување на финансиски импликации на штета на буџетот.