Црна хроника
Вооружени разбојници нападнале и ограбиле гостиварци
Двајца маскирани вооружени разбојници во среда влегле во куќа во Гостивар, ги нападнале луѓето што ги затекнале во неа и украле пари, накит и други предмети вредни 30.000 евра, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Двајца разбојници со маски на главите, од кои едниот бил вооружен со пиштол, влегле во куќа на ул. „Бањешница” во Гостивар и ги нападнале Џ.Р.(69), неговата сопруга М.Р.(63) и нивната снаа С.У.(23), кои ги затекнале внатре.
Разбојниците украле златен накит, пари, гасен пиштол и два мобилни телефони во вредност од околу 30.000 евра.
Полицијата презема мерки за откривање на сторителите.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Градоначалник трошел општински пари за време на избори, доби кривична пријава
СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе кривична пријава против градоначалник на една општина поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело – противзаконито располагање со буџетски средства за време на избори, по член 165-в од Кривичниот законик, информираат од МВР.
„Пријавениот извршил нередовни исплати на еднократна парична помош на 38 физички лица во вкупен износ од 195.000 денари согласно програмата за мерките и активностите на општината во областа на социјална заштита од буџетски средства за 2019 година. Имено, пријавениот ги извршил исплатите на 15.02.2019, 18.03.2019 и 12.04 2019, односно во период кога се распишани претседателските избори 2019 година, со што постапил спротивно на член 8-а став 1 алинеја 2 од Изборниот законик и член 34 став 1 алинеја 2 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси“, се вели во соопштението.
Црна хроника
Полицијата казнува: Во Скопје се вози под алкохол, без возачка и се минува на црвено
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 123 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 21 санкција, девет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), седум санкции за користење мобилен телефон при возење.
Изречени се пет мерки за некористење сигурносен појас, пет санкции за возење под дејство на алкохол…
Црна хроника
71-годишен возач на трактор заврши во болница со тешки повреди
Вчера во 12.16 часот во СВР Битола било пријавено дека во с.Новаци, Битолско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „волво“ со полуприколка со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Б.Т.(50) од Кавадарци и трактор со приклучна земјоделска работна машина со битолски регистарски ознаки, управуван од Б.Т.(71) од с.Новаци, Битолско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот констатирани во Клиничка Болница Битола.
Извршен бил увид од увидна екипа на СБР Битола.