Македонија
СДСМ: Милошоски не е достоен да биде пратеник и мора да си поднесе оставка
Секојдневно се демантирани лажните вести на Антонијо Милошоски, најнеуспешниот министер за надворешни работи. Официјалниот демант од Амбасадата на Шпанија е последниот во низата деманти на лагите на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Милошоски дека наводно дури седум земји членки биле против отворање на преговори со нашата држава, соопшти СДСМ.
Според партијата, секојдневно се потврдува дека Милошоски свесно шири лажни вести и невистини на штета на државата.
,,Граѓаните не заслужуваат пратеници кои свесно и намерно ги лажат за теми кои се од национален и државен интерес како што е членството во ЕУ.Милошоски не е достоен на функцијата што ја извршува и затоа, тој мора веднаш да си поденесе неотповиклива оставка од функцијата пратеник во Собранието”, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нема бојкот на претседателските избори, сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател, уверува Даштевски
Нема бојкот на претседателските избори, сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател, вели претседателот на ДИК, Александар Даштевски.
„На неколку места се појавени технички проблеми, кои во меѓувреме се решаваат, таму гласањето ќе продолжи на стар начин со УВ ламба и спреј, а доколку се исправат техничките недостатоци, ќе се продолжи со техничката опрема. Такви места има во Кочани, Охрид, во Куманово, во Тетово и во Гази Баба.
Како што дополнува, има доставено и 15 приговори за избирачко право, и само три од нив се одбиени.
Во однос на излезноста на парламентарните избори, до 9:00 часот, по обработени податоци од 1033 изборни места, гласале 4,45%. Според податоците на ДИК, најголема излезност има во Пробиштип, а најмала излезност за парламентарните избори има во Боговиње (1,43%).
Во Македонија утрово започна вториот круг од претседателските и парламентарните избори.
Избирачките места, од кои вкупно 3.480, беа отворени во седум часот, а ќе бидат затворени во 19 часот.
Скопје
Паркингот во Центар денеска е бесплатен
По повод Македонските претседателски и парламентарни избори, од ЈП Паркинзи на општина Центар известуваат дека денеска паркиралиштата со кои стопанисува јавното претпријатие ќе бидат без наплата за сите граѓани.
Дирекцијата на ЈП Паркинзи на Општина Центар во катната гаража „Судска палата“ нема да работи, а сите услуги можат да се користат електронски на www.poc.mk.
Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и работењето на дирекцијата ќе продолжат од утре со вообичаено работно време.
Македонија
Изборниот ден е неработен за сите граѓани
Поради одржување на парламентарните и вториот круг од претседателските избори, денешниот ден е неработен за сите граѓани во Република Македонија.
Работодавците не треба да извршуваат дејност со исклучок на оние каде што работните процесите поради својата природа не може да се прекинат.
Поради првиот круг од претседателските избори, неработен беше и 24 април. Според одлуката на техничката Влада, двата неработни дена нема да се одработуваат.