Топ
Свирепо убиство на уличен продавач на девизи во Струмица, убиецот зад решетки
Министерството за внатрешни работи во координација со јавното обвинителство информира дека го расчистиле случајот со пронајденото тело во метално буре на 20 јуни годинава во вештачкото езеро „Турија“. По извршените анализи, утврдено е дека станува збор за Ристо Иљашев и дека смртта настанала по насилен пат.
По добиената пријава за исчезнување на Ристо Иљашев од Струмица на 7 мај, Одделението за криминалистичка полиција при СВР Струмица, заедно со Единицата за имотен и насилен криминал од Секторот за општ и насилен криминал при МВР, ОКТИВ при МВР и Институтот за Судска медицина во Скопје, а по насоки од надлежното обвинителство во Струмица, презедоа бројни активности се со цел расветлување на случајот.
,,По преземените опсежни активности и истражни мерки и врз основа на прибраните материјални докази СВР Струмица на 16 мај до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против М.В.(52) од с.Добрејци, Струмица, за извршено кривично дело „убиство“, бидејќи постои основано сомнение дека тој на 7 мај на свиреп и подмолен начин го лишил од живот Ристо Илјашев, а потоа се обидел да го прикрие убиството.
Истиот ден судија за претходна постапка му изрече притвор во траење од 30 дена. По наредба на јавен обвинител беа превземени повеќе дејствија, извршени се претреси на повеќе локации, организирана е опсежна потрага по лицето особено во реонот на браната Турија, каде е забележано возилото на осомничениот. Обезбедени се и други материјални докази. Дополнително во работилницата сопственост на осомничениот во село Добрејци пронајдени се биолошки траги кои потекнуват од жртвата”, соопшти МВР.
Осомничениот М.В. го искористил долгогодишното познатство со Ристо Иљашев и на подмолен начин го убил, при што трагите од извршениот грозоморен чин се обидел да ги сокрие така што телото на жртвата го ставил во метално буре и го потопил во вештачкото езеро „Турија“ во Струмица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Силниот ветер предизвика штети во Штип: оштетен покрив на училиште, паднати дрвја на повеќе локации
Силен ветар оштети дел од покрив на средното електро-машинско училиште во Штип, а дрво падна и во непосредна близина на градинка. Нема поредени лица, а надлежните служби се на терен.
Според информациите, интервенирано е во остранување на голем број паднати дрвја во градот и неговата околина, меѓу кои кај градските горбишта, градинката „Вера Цирвири-Трена“, Кланицата, Средното училиште „Коле Нехтенин“, улицата Широк Дол.
Од Центарот за управување со кризи информираа дека кај сите интервенции е учествувано со три пожарникари и едно противпожарно возило.
Известена е и дежурната служба на ЕВН за ризични електрични столбови, исфрлање искри од жици, како последица од силниот ветер, на територијата на градовите Штип и Кочани, како и во селата Облешево и Истибања.
Македонија
Студентите и средношколците не смеат да трпат поради партиски препукувања – младите излегоа на протестот за проблемите со градскиот превоз
Студентите и средношколците не смеат да трпат поради партиски препукувања, беше една од пораките кои студентите ги упатија на денешниот протест за проблемите со јавниот превоз.
Од Универзитетското студентско сообрание (УСС-УКИМ) беа испратени барањата до Град Скопје, меѓу кои отпочнување и финализирање на предвидените инфраструктурни проекти, набавка на нови автобуси и отворање на нови автобуски линии, како и надградба на велосипедската инфраструктура и промоција и поддршка на алтернативните видови на транспорт.
Говорниците на протестот истакнаа дека по спроведена анкета на која одговориле 3.568 студенти, 85 отсто од нив рекле дека во последните денови чекаат автобус повеќе од 15 минути, а 66,7 проценти од нив, чекаат автобус над 20 минути.
Дополнително, 93,6 отсто од студентите изразиле незадоволство од квалитетот на јавен градски превоз во градот, а 66,7 проценти изјавиле дека од истите воопшто не се задоволни од истиот.
Кон протестот се приклучи и Сојузот на средношколци.
Берим Мухамед изјави дека веќе две години Сојузот на средношколците се залага јавниот скопски превоз да биде фер за сите.
Тој рече дека иако на учениците од приватните училишта не им било дозволено да имаат бесплатен превоз, и тие од државните останале без превоз.
Од Сојузот велат дека учениците не треба да отсуствуваат од часови, и половина од класовите биле празни поради проблемите со ЈСП.
На протестот зборуваше и градоначалникот на Шуто Оризари, Курту Дудуш кој упати повеќе барања до Арсовска и ја повика да покаже политичка зрелост и да понесе одговорност.
По вчерашната владина одлука да му позајми на Градот од државните резерви на нафта, автобускиот сообраќај денес е вратен во нормала.
Македонија
За лекарски прегледи се чека и со месеци, а стотици термини останале празни оти граѓаните не дошле: „Ако не можат, нека откажат преку СМС“ – апелираат надлежните
Граѓаните што не може да го искористат закажаниот „Мој термин“ во јавното здравство, преку СМС-порака да го откажат за да им остават простор на пацинетите на кои им е потребен и да се намалат листите на чекање, порача денес заменик-министерот за здравство, Јовица Андовски.
Како пример посочи дека во Скопје за компјутерска томографија, од 4.070 закажани термини, 970 не се појавиле ниту пак, известиле дека нема да може да дојдат.
Заменик-министерот направи споредба со некои држави во кои ако двапати ако се откаже терминот, следува глоба или губење на можноста пациент да закаже редовен термин за одреден временски период. Сепак, Андоновски, не гледа засега на тоа како можно решение кај нас, туку се надева дека преку ваквите апели ќе може да се поправи состојбата.