Црна хроника
Откриени 117 кг марихуана на Табановце во албански автобус
Царинските службеници од граничниот премин Табановце Автопат открија обид за пренесување на 117 кг високо квалитетна марихуана, во автобус со албански регистарски таблички.
Како што соопшти Царинската управа, во петокот околу 20:30 часот за излез од Македонија се пријави автобус марка NEOPLAN со албански регистарски таблички, сопственост и управуван од албански државјанин со инцијали Е.Б. од Тирана. Како втор возач на автобусот е лице – албански државјанин со иницијали К.Б. Во автобусот патувaле околу 20-тина патници. Според изјавата на возачите, крајната дестинација на автобусот бил Белград, Србија. Иако и патниците и возачите изјавиле дека немаат ништо да пријават за царинска контрола, фактот што возачите рекоа дека патуваат за Белград, а на шофершајбната на автобусот стои натпис Тирана – Скопје, беше доволен мотив за сомневање и пристапување кон детален преглед. Исто така, според исказите на патниците, од моментот на тргнување од Тирана, па се до граничниот премин Табановце осомничените воопшто не го вклучиле системот за вентилација што укажало на фактот дека нешто не е во ред со климатизацијата во автобусот и дека тој простор е затворен со некоја „стока“.При прегледот на автобусот со употреба на рачен алат отворени се фабричките шуплини над предните и задните тркала преку багажниот простор на автобусот. Во внатрешноста на овие шуплини пронајдени се 48 пакувања со различна тежина, сите обвиткани со индиго и најлонска фолија и исполнети со растителна материја со зеленкаста боја за која со тестирање со тестери за дрога се утврди дека е марихуана. Потоа, царинските службеници извршија детален преглед и на внатрешноста на автобусот и во просторот за вентилација (над седиштата) каде пронајдоа уште 96 пакувања со различна тежина (по 48 од двете страни). Вкупната тежина на сите 144 пакувања е околу 117 килограми. Осомничените и дрогата се предадени на инспектори на Одделението за истраги за натамошна предистражна постапка, од која е утврдено дека осомичените Е.Б. и К.Б договориле транспорт на марихуаната преку Косово, Македонија до Белград, Србија каде требало да ја предадат на српски државјанин, а тие да го продолжат патувањето преку Унгарија до Фрајбург, Германија.Против сторителите, Царинската управа поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ до Јавното обвинителство-Одделение за борба против организиран криминал и корупција, а сторителите се изведени пред надлежен истражен судија./крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се степале за паркинг во Петровец, па му се заканил со огнено оружје
Вчера во СВР Скопје, И.К.(41) од с.Петровец, скопско пријавил дека околу 18:00 часот во с.Петровец, скопско, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, Д.Д. се обидел физички да го нападне.
Потоа му упатил закани со огнено оружје.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: депозитфотос
Црна хроника
Насилство во Тетовско: нападната 19-годишна девојка
СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.А.(28), С.А.(30), Е.А.(23), Г.А.(44) и А.А.(19), сите од с.Желино, тетовско.
Тие се сомничат за сторено кривично дело „насилство“.
Имено, според полицијата на 26.09.2025 во с.Желино, по претходна расправија, пријавените физички нападнале 19-годишна девојка од истото село.
Црна хроника
Загина 48-годишен возач: со возилото излетал од патот Кочани – Виница
Вчера во 17:35 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Кочани- Виница, на место викано „Сланечки дол“, патничко возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ќ.(48) од Виница, излетало надвор од коловозот.
Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

