Македонија
Бачев: Заев го има под свое и буџетот од 3 милијарди евра, се плашам оти ќе ги однесе на чување дома и девизните резерви
Претседателот на Единствена Македонија во изјава за јавноста се осврна на најновиот предлог, Заев покрај премиер да биде и министер за финансии.
„Слушнав дека Зоран Заев се назначил и за министер за финансии со што го става под своја лична контрола и буџетот од 3 милијарди евра. Заев веќе нема насип во бесмилосниот грабеж. Заев кој е купен и контролиран од странски центар избриша се што е македонско и сега на раат го пљачка народот, оти ужива заштита на украденото од своите странски газди од НАТО кои не ги интересира грабежот туку сакаат само марионети кој верно им служат. Заев вели ќе раководел со финансиите бидејќи оваа 2019 година била економска година за повеќе пари за граѓаните. Напротив, 2019 е година за повеќе пари за Заев и фамилијата. 2019 ќе биде година кога Заев и фамилијата стануваат главни дилери на дрога што ќе им донесе 100 милиони евра профит заедно со другите бизниси. Ова го призна и самиот Заев на последниот ТВ дуел со Христијан Мицковски кога кажа дека фирмите на Заев плаќаат по десетина милиони евра данок годишно, што според даночните стапки значи дека остварува годишна добивка од 100 милиони евра”, вели Бачев.
Според него, ,,народот останува со прст во уста со романтичарските изјави на Заев дека Македонија отвори светла страница и економски напредок, се доближува до НАТО и ЕУ од каде ќе се истурат милијарди евра во Македонија и сите ќе бидат среќни и весели и слични романтичарски изјави на Заев оти на народот му треба и по малку романтика”.
,,Заев сега ќе го има под лична контрола и буџетот од 3 милијарди евра. Се плашам дека прашање на време е кога Заев ќе донесе одлука да му се доделат на чување кај него дома и државните девизни резерви.Македонскиот народ и поголем дел од државјаните во новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа ја гледаат единствената надеж. Единствена Македонија кажува директно и јасно – ние сме во политиката да ги бркаме бандитите и да направиме ревизија и одземање на стекнатото од позиција на власт во изминатите 30 години. Македонија е нашата татковина, Македонија е нашиот дом, ветувам дека онака како што се бориме за нашите домови ќе се бориме и против криминалците“, истакна Бачев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
УНИЦЕФ го поздравува усвојувањето нови насоки за заштита на децата од загадувањето на воздухот
УНИЦЕФ го поздравува неодамнешното усвојување на сеопфатни протоколи насочени кон подобрување на квалитетот на воздухот во училиштата, како и јасни препораки за акција во услови на зголемено загадување на воздухот.
Како што велат од таму, прифаќањето на овие препораки следи по неодамнешното усогласување на националниот индекс за квалитет на воздухот со Европскиот индекс за квалитет на воздухот и доаѓа во критично време, бидејќи нивото на загадување на воздухот во Скопје и другите региони и понатаму претставува сериозен ризик за здравјето, особено за децата.
Новите Препораки за постапување при амбиентално загадување на воздухот обезбедуваат јасни насоки што се применуваат според тековниот квалитет на воздухот.
Во денови кога квалитетот на воздухот е добар, се препорачува училиштата да организираат повеќе активности на отворено, како што се спортот и рекреацијата и да користат природна вентилација преку често отворање на прозорците. Во денови кога квалитетот на воздухот се влошува и достигнува лоши, многу лоши или екстремно лоши нивоа, протоколите советуваат сите активности на отворено и физички интензивни активности да се преместат во затворен простор или да се откажат.
Училиштата треба да ги затворат надворешните врати и прозорци, доколку е можно да користат прочистувачи на воздух и да ги следат учениците за симптоми поврзани со загадувањето на воздухот ((како што се главоболка, отежнато дишење, кашлица, мачнина и иритација на очите, носот и грлото), а по потреба да ги информираат родителите. Во случаи на ненадејни настани со загадување или кога податоците од мониторингот не се достапни, се препорачува училиштата да постапат проактивно за да ја минимизираат изложеноста и да го заштитат здравјето на децата и персоналот.
„Придружните Насоки за добри практики за подобрување на квалитетот на воздухот во затворен простор во училиштата утврдуваат практични мерки за намалување на изложеноста на загадувачи. Тие ја нагласуваат соодветната вентилација, употребата на средства за чистење со ниска токсичност, влажно чистење за да се намали прашината, редовна употреба и одржување на прочистувачите на воздух и користење на подлогите за бришење нозе на влезот. Протоколот, исто така, промовира зелени бариери како живи огради, собни растенија и ограничување на сообраќајот и работењето на моторите на возилата во место во близина на влезовите на училиштата“, потсетува УНИЦЕФ.
Насоките за училиштата беа изработени од Министерството за образование и наука во соработка со Министерството за здравство, Министерството за животна средина и просторно планирање и други партнери, со поддршка од Обединетите нации. Тие ги одразуваат Политиките и препораките на УНИЦЕФ за заштита на децата од штетните ефекти на загадувањето на воздухот и неговото влијание врз здравјето на децата во рамките на националните процеси на планирање и донесување одлуки.
Македонија
Подари моменти на радост, подари „Среќа плус“
Новогодишниот период носи посебна атмосфера – време кога сме поблиску едни до други, славиме нови почетоци, истовремено осврнувајќи се на годината што изминува. Во овие празнични денови секогаш го бараме идеалниот подарок што ќе ги израдува нашите најблиски. Вистинската вредност на подарокот се мери со насмевките и среќата што ја носи, па токму затоа овој период е совршен за подарување шанса за среќа.
Шареноликата понуда на инстант лозови на Државна лотарија, во ковертите „Среќа плус“ со разновидни дизајни, наменети како подарок за различни поводи се токму тоа – симболичен гест, којшто во мал коверт носи шанса за големи добивки. Со „Среќа плус“ не подарувате само инстант лоз – подарувате мигови исполнети со надеж, исчекување и можност новата година да започне со убави изненадувања.
Во еден коверт „Среќа плус“ се кријат можности за исполнување на многу новогодишни желби – сопствен стан, автомобил, мотор и големи парични добивки. Инстант лотаријата ја дополнува магијата на празниците, носејќи ја шансата соништата да се претворат во реалност.
Овие празници подарете моменти на среќа на оние што ви значат, затоа што најубавите подароци се оние што носат надеж, радост и верба дека убавите изненадувања се поблиску отколку што мислиме и нѐ потсетуваат дека среќата е насекаде околу нас!
ПР
Македонија
Герасимовски: Почна новогодишната магија во нашите градинки, детската насмевка е најубавиот украс на празниците
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска беше дел од празничната магија на предновогодишниот концерт во ЈУДГ „Корчагин“ – објект „Пинокио“, каде што дечињата од објектите „Пинокио“ и „Палешка“ со искрена радост и насмевки посакаа добредојде на Новата 2026 година.
Со специјално подготвена приредба заедно со учениците од ДМБУЦ Илија Николовски Луј под водство на проф. Маре Видевска, со традиционални новогодишни композиции, сценски точки и празничен дух, најмладите упатија новогодишни честитки и желби до најблиските, и до најомилениот лик, дарежливиот Дедо Мраз.

Герасимовски ги поздрави децата, родителите и вработените, им заблагодари за прекрасниот концерт, а најмладите ги израдува со новогодишни пакетчиња.

„Детската насмевка е најубавиот украс на празниците. Како градоначалник на Општина Центар, останувам целосно посветен на создавање услови за среќно детство и правилен развој на нашите најмили. Така било и така ќе остане“, порача Герасимовски.

