Црна хроника
Маж и жена пронајдени мртви во стан во Битола
Маж и жена се пронајдени мртви во стан во Битола. Обвинителството информира дека дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола извршил увид во стан на улицата „Климент Охридски“ во Битола, каде попладнево беа пронајдени безживотни тела на маж и жена, на возраст од 62 и 57 години.
,,Во насока на расчистување на кривично-правниот настан, издадена е наредба за вештачење на сите траги и материјални докази пронајдени и подигнати на лице место. По наредба на јавниот обвинител телата на починатите се предадени за обдукција”, соопшти обвинителството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скопјанец ја нападнал поранешната сопруга, па ја заклучил дома и и’ се заканувал
Полицијата во Гази Баба приведе 38-годишен маж кој ја нападнал поранешната сопруга.
Според информациите од МВР, тој вчера на пладне ја начекал 39-годишната жена на автобуска постојка во скопско село и физички ја нападнал.
Потоа, ја заклучил во неговата куќа и и’ се заканувал, а закани упатил и кон нивните деца.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР.
Црна хроника
Раправија во работилница во Чаир заврши со пукање
Во СВР Скопје вчера во 16.44 часот Е.З.(25) од Скопје пријавил дека во неговата работилница на подрачјето на Чаир, по претходна расправија, Б.Р.(36) од Скопје со пиштол испукал еден проектил кон него, но не го погодил.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Скопјанец со возило поминал преку ногата на малолетничка и побегнал
Вчера во 12.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, З.Г.(64) од Скопје, со патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки поминал преку ногата на малолетничка од Скопје и со возилото го напуштил местото.
По преземени мерки, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го пронашле и привеле лицето во Полициската станица Гази Баба.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.