Македонија
,,Октомври е близу, наскоро ќе добиете датум”, порача Вајгл

Тројката европратеници Едвард Кукан, Кнут Флекенштајн и Иво Вајгл, доцна вечерва заедно со претседателот на Собранието, Талат Џафери, од законодавниот дом, соопштија дека успешно завршил вториот ден од дијалогот „Жан Моне“ меѓу партиите и дека за одредени прашања ќе продолжат да дискутираат и натаму.
Џафери рече дека основен принцип при овој дијалог е да не се соопштуваат детали за прашањата за кои не се донесени одлуки, но го издвои ограничувањето на времетраењето на дискусиите, начинот и организација на избор на генералниот секретар на Собранието.
Тој го спомена зајакнувањето на надзорната улога на Собранието и начинот на организирањето на надзорните седници. Тема на разговор биле собранискиот деловник, финансиската независност на Собранието, прашањето со собраниските служби и собраниското обезбедување.
Разговарано било и за реституција на имунитетот на пратениците односно можноста да се врати имунитетот.
Иво Вајгл рече дека е презадоволен од она што било постигнато меѓу партиите и дека очекува Северна Македонија да добие датум за преговори со Европската Унија во септември или октомври.
„Ништо не е готово. Ова е само еден од почетоците на приближување. Наскоро ќе добиете датум. Септември – октомври се близу. Само едно лето стои меѓу сега и датумот кој ќе го добиете за почеток на преговорите“, рече Вајгл.
„Имате единствен функционален парламент во регионот“, кажа европратеникот за дијалогот меѓу партиите и дополни дека целиот свет се восхитува и со почит говори за успесите на Северна Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Владата: Ќе го прифатиме секој договор помеѓу синдикатите и работодавачите

Премиерот Христијан Мицкоски заедно со министерот за економија и труд, заменик-министерот за економија и труд, државниот секретар во Министерството за финансии и советникот во Кабинетот на претседателот на Владата одржа средба со претставници на синдикатите.
Се разговараше за минималната плата, колективниот договор и репрезентативноста на синдикатите.
„Ставот на Владата во врска со зголемувањето на минималната плата е јасен и поврзан со закон. Имено, согласно закон Владата е обврзана да го определи нивото на минималната плата најдоцна до 31 март. Владата ќе го прифати секој договор помеѓу синдикатите и работодавачите, во моментот кога тој ќе биде постигнат во рамките на економско социјалниот дијалог“, велат од Владата.
Македонија
Утре променливо облачно време со локален дожд попладне

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има локален дожд, а на планините повремен снег.
Ќе дува умерен, а во источните делови и вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 10 до 18 степени, јавува УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има услови за повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Следува период на стабилно и топло време, освен утре и во сабота кога ќе има локални врнежи од дожд. Утринските и дневните температури ќе бидат во пораст.
Македонија
Работен состанок за решавање на предизвиците од областа на судските и дисциплинските постапки

Министерството за внатрешни работи се одржа работен состанок помеѓу претставници на МВР, Државниот правобранител на РСМ, Основниот граѓански суд-Скопје, Апелациониот суд-Скопје и Државната комисија за одлучување во управна постапка.
Целта на средбата беше дискусија за отворените прашања во врска со роковите за носење на решенијата во дисциплински постапки и други прашања од областа на судските и дисциплинските постапки.
Претставниците на институциите се договорија овие работни средби да продолжат и во иднина со цел меѓуинституционално решавање на сите предизвици со крајна цел заштита на правата на работниците и избегнување на финансиски импликации на штета на буџетот.