Македонија
СЕММ и ЗНМ: Професионално и одговорно известување за Парадата на гордоста
Во пресрет на Парадата на гордоста, што ќе се одржи на 29 јуни во Скопје, Советот за етика во медиумите (СЕММ) и Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ги повикуваат медиумите да известуваат професионално и одговорно третирајќи ги темите што ја засегаат ЛГБТ-заедницата низ призма на афирмација на човековите права и осудувајќи го говорот на омраза и дискриминацијата врз основа на сексуалната ориентација и родовиот идентитет.
Mедиумите да не дозволат да бидат злоупотребени и да послужат како средство за упатување повици за обединување поединци и групи за радикално однесување и постапки што го загрозуваат јавниот ред и мир во општеството.
„Потсетуваме на препораката на Советот на Европа од 2010 за борба со дискриминацијата врз основа на сексуална ориентација или родов идентитет, според која земјите членки треба да преземат соодветни мерки за борба против сите феномени на изразување, вклучително и во медиумите и на интернет за кои со право се смета дека ќе имаат ефект на поттикнување, ширење или промовирање омраза и други форми на дискриминација на ЛГБТ-лицата. Таквиот говор на омраза треба да биде забранет и јавно отфрлен секогаш кога ќе се случи.
Во исто време, медиумите ги потсетуваме на Декларацијата за етичко и професионално известување за теми поврзани со ЛГБТИ на коалицијата „Маргини“, Советот за етика во медиумите, Здружението на новинарите на Македонија и Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиуми, чии принципи се следниве:
1. Нестереотипизирачко известување за ЛГБТИ;
2. Воздржување од и осуда на говорот на омраза врз основа на сексуална ориентација, родов идентитет или која било припадност на историски и општествено маргинализирана група;
3. Известување за жртвите на насилство и дискриминација обоено со емпатија и солидарност;
4. Непарцијално известување за активностите на ЛГБТИ-заедницата и активистите за човекови права во рамките на целокупната општествена, политичка и културна сфера почитувајќи ги нивниот личен интегритет, мислење и активности;
5. Вклученост на гласовите и перспективите на ЛГБТИ-луѓето и активистите за нивни права, во прилози поврзани со теми што директно ги засегаат, како и настани и проблеми што го засегаат целокупното македонско општество;
6. Почитување и имплементација на одлуките и препораките на еснафските, саморегулаторните и регулаторните тела и здруженија поврзани со заштитата и почитувањето на човековите права на ЛГБТИ;
7. Сензитивизација на медиумските работници за известување за теми поврзани со ЛГБТИ и
8. Соработка со граѓанските здруженија што се застапуваат за правата на ЛГБТИ преку размена на информации што ќе овозможат интегрален и непарцијален приказ на проблемите што ги засегаат ЛГБТИ.
Оттаму додаваат дека од медиумите очекуваат да ги отстрануваат коментарите од посетителите на нивните веб-страници и на социјалните мрежи, кои содржат повици за насилство, навреди и говор на омраза за сексуалната ориентација и родовиот идентитет.
Исто така, наведуваат сите регистрирани случаи на кршење на професионалните стандарди во известувањето на медиумите да се пријавуваат до СЕММ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Силен земојтрес почувствуван во Македонија
Силен земјотрес беше почувствуван вечерва во 22:05 часот во Македонија.
Според информациите на ЕМСЦ, потресот бил регистриран во Косово, на 15 километри од Тетово, со магнутуда од 4,6 степени.
Земјотресот бил на длабочина од 5 километри.
Засега нема информации за штети.
Македонија
Тополова-Исајловска: Криминалот врз културното наследство остава трајни последици
Јавното обвинителство е една од клучните институции-потписнички на двата меморандуми за разбирање, чија цел е зајакнување на институционалните капацитети за справување со кривични дела против културното наследство и животната средина.
Настанот го означи успешното завршување на твининг проектот помеѓу Италија и Република Северна Македонија,финансиран од Европската Унија со средства од Инструментот за претпристапна помош – ИПА.
“Кривичните дела во овие области се карактеризираат со високо ниво на сложеност. Тие често вклучуваат организирани структури, прекугранични активности, финансиски интереси и значителна материјална штета. Последиците од ваквите дела, за разлика од други форми на криминал, во голем дел се трајни – уништеното културно добро или деградираната животна средина речиси никогаш не можат целосно да се обноват. Затоа, покрај националните механизми, од суштинско значење се и инструментите на меѓународна правна помош, размената на информации и оперативната соработка, како со институциите од регионот, така и со институциите од Европската Унија”, истакна при потпишувањето на меморандумите В.Д. Јавниот обвинител, Анита Тополова Исајловска.
Целта на проектот, во чија реализација беа вклучени италијанските Карабинери со специјална експертиза, беше зајакнување на националните капацитети за спречување, истражување и борба против кривични дела поврзани со културното наследство и животната средина во согласност со стандардите и најдобрите практики на ЕУ.
Меѓуинституционалната соработка беше зајакната преку структурирани механизми за координација, што резултираше со потпишување на двата Меморандуми за разбирање со кои се воспоставуваат национални мултиинституционални платформи за заедничко дејствување против криминалот со културното наследство и животната средина.
Македонија
СДСМ: Корупцијата цвета, Македонија на ниво на Буркина Фасо и Танзанија според Транспаренси
СДСМ обвини дека корупцијата во Македонија „цвета“, повикувајќи се на Извештајот на Транспаренси за 2025 година, според кој, како што наведуваат, земјата е на ниво на Буркина Фасо и Танзанија.
Од партијата тврдат дека граѓаните „секој ден гледаат дека во Македонија цвета корупцијата поради криминалот на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ“.
Во соопштението се наведува дека „161 тендер се доделени на една фирма, 51 тендер за омилената фирма на ВМРО преку општините, 9 милиони евра за фирма само со двајца вработени, 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ преку Пошта“.
СДСМ ги споменува и петте тони дрога преку граница, оценувајќи дека се случил „најголемиот нарко-скандал во регионот со дрога од Македонија која била шверцувана во Србија“.
Според партијата, „наместо реформи во правосудството, власта презема целосна контрола врз судството и обвинителството и носи закони кои не се согласно препораките на ЕУ“.
„Нема борба против криминалот и корупцијата туку има обиди за заштита на криминалците од врвот на власта“, наведуваат од СДСМ.
Во соопштението се додава дека „сè тоа ја става Македонија во групата на земји како Буркина Фасо и Танзанија, според Извештајот на Транспаренси за 2025 година“.

„Македонија го има својот Мадуро кој ја води земјата кон намерна изолација од ЕУ за може слободно да се спроведува грабежот зад грбот на граѓаните“, додава СДСМ.

