Црна хроника
Изминатиот викенд во Скопје над 180 возачи возеле побрзо од дозволеното
Во текот на изминатите три дена на подрачјето на Скопје полицијата констатирала дека 183 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 94 возачи, од кои: 31 возач затоа што управувале возило под дејство на алкохол, 56 затоа што управувале возила без да стекнат право за управување моторно возило и седум возачи затоа што биле возачи почетници.
Исто така, исклучени од сообраќај се и 46 возила бидејќи биле со истечена важност на сообраќајната дозвола. Санкционирани се двајца возачи поради поминување крстосница на црвено светло, двајца поради недавање првенство на минување пешаци, пет возачи поради неправилно престројување, четворица поради неправилно престигнување, 30 возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, четири поради неносење сигурносен појас за време на управување моторно возило и пет возачи поради користење мобилен телефон при управување возило.
Во однос на пешаците, санкциониран е еден пешак поради поминување коловоз на црвено светло. Во текот на изминатите денови издадени се 129 мандатни платни налози и 88 возила се подигнати со специјалното возило „пајак“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја претепал сопругата: уапсен маж од Струшко
ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.Х.(39) од струшко селo.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „телесна повреда“.
Имено на 28.11.2025 во семејниот дом во селото, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга, по што бил лишен од слобода.
Црна хроника
Уапсен охриѓанец: бил агресивен и им се заканувал на членови на семејството
Вчера во 09:50 часот на улица „Вангел Николоски“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода С.К.(53) од Охрид.
Полицијата постапила по претходна пријава дека во семејниот дом тој агресивно се однесувал и се заканувал на членови на семејството.
Според МВР, по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Без таблички и со 2,21 промила: пијан возач удрил во паркиран автомобил во Ораовица
На 21 декември 2025 година, во ОВР Радовиш било пријавено дека околу 21:30 часот, во селото Ораовица, патничко возило „опел корса“ без регистарски ознаки, управувано од И.В. (46) од истото село, удрило во паркирано патничко возило „форд фокус“ со радовишки регистарски ознаки, сопственост на Ц.Л.
Во сообраќајната незгода, возачот И.В. се здобил со телесни повреди, констатирани во Здравствен дом Радовиш.
За настанот бил запознаен јавен обвинител, а при преземање мерки во врска со незгодата било констатирано дека возачот го управувал возилото под дејство на алкохол, односно дека имал 2,21 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

