Спорт
Легендите заедно – Роналдо на средба со Мајкл Џордан

Кристијано Роналдо знае да одбере друштво. Додека со неговото семејство го продолжува летниот одмор на француската ривиера, тој најде време да се сретне со уште една спортска легенда, Мајкл Џордан.
Роналдо се пофали на Инстаграм со фотографија со НБА великанот, посочувајќи дека „двајцата направивме историја“.
Роналдо има пет „Златни топки“ и се смета за еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, додека Џордан е шесткратен НБА шампион и петкратен МВП, и според многумина е најдобриот кошаркар на сите времиња.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Емотивниот Меси во голем стил се збогува со аргентинската публика

Лионел Меси се збогуваше со аргентинската публика во националниот дрес со триумф.
Еден од најдобрите играчи на сите времиња го одигра својот последен натпревар пред домашна публика за „Гаучосите“ и се потруди да остави впечаток.
На „Монументал“ во Буенос Аирес, Аргентина рутински ја победи Венецуела со 3:0, а малиот волшебник постигна два гола.
Меси покажа и емотивна нота, бидејќи се расплака за време на пеењето на аргентинската химна.
No player in football history has a better moment like this. Leo Messi 🐐
— Kwesi (@KwesiFCB) September 5, 2025
Бразил, исто така, победи против Чиле со 3:0.
Првиот гол го постигна младиот напаѓач на Челзи, Естевао во првото полувреме, а Пакета и Бруно Гимареш постигнаа голови во вториот дел.
Аргентина и Бразил веќе обезбедија пласман на Светското првенство.
Foto/ EPA/ADAN GONZALEZ
Спорт
Анисимова и Сабаленка во финалето на Ју-ес опен

Арина Сабаленка и Аманда Анисимова ќе играат во финалето на Отвореното првенство на САД.
Американската тенисерка, чии родители емигрираа од Русија, беше подобра од Наоми Осака во полуфиналето, откако претходно и се одмазди на Иги Швонтек за убедливиот пораз во финалето на Вимблдон.
Анисимова ја доби Јапонката по три часа игра и пресврти со резултат 6:7(4), 7:6(3), 6:3.
Најинтересниот дел од натпреварот беше вториот сет, во кој Анисимова (која веќе заостануваше во сетови), три пати ја испушти брејк предноста, но успеа да го добие сетот во тај-брејкот, а потоа го доби третиот сет без поголеми проблеми.
Во второто полуфинале, Арина Сабаленка беше подобра од Џесика Пегула со идентичен резултат (2:1). Како и Анисимова, и таа мораше да триумфира псо пресврт, но за еден час помалку поминат на теренот (4:6, 6:3, 6:4).
Анисимова и Сабаленка досега се сретнале девет пати, а Американката победила во шест наврати. За прв пат, таа ќе има можност да игра во финалето пред домашната публика на последниот Гренд слем во сезоната и да стигне до својот седми триумф.
Финалето е закажано за сабота во 22 часот.
Foto/ EPA
Спорт
Германија со поразот во Словачка постави неколку негативни рекорди

Германија загуби од Словачка со 2:0 во Братислава во првото коло од квалификациите за Светското првенство во 2026 година во САД, Канада и Мексико. Ова беше трет последователен пораз на германската репрезентација откако, претходно во јуни загуби од Португалија (1:2) во полуфиналето на Лигата на нации, а потоа и од Франција (0:2) во натпреварот за третото место.
Стрелци за победата беа Давид Ханцко во 42-та минута и Давид Стрелец во 55-та минута.
Тимот на селекторот Јулијан Нагелсман, на овој натпревар постигна серија негативни остварувања.
– Прв пораз на Германија во првиот квалификациски натпревар за Светското првенство,
– Прв пораз на Германија на гости во квалификациите за Светско првенство по 41 победа и десет нерешени резултати,
– Прекината е серијата од 42 последователни квалификациски натпревари за Светското првенство во кои Германија постигна гол. Последниот квалификациски натпревар за Светско првенство во кој „панцерите“ не постигна гол беше против Финска во октомври 2001 година, кога натпреварот заврши 0:0.
– Ова е само втор пат Германија да изгуби квалификациски натпревар за Светско првенство со повеќе од еден гол разлика. Последниот пат тоа се случи во 2001 година, кога Англија ја победи со 5:1.
Foto/ EPA