Општество
Змејкова: ФЗОМ не предлагал надоместокот за породилно да биде на товар на фирмите
Никогаш Фондот не размислувал, ниту предлагал надоместокот на плата да биде на товар на фирмите, како што некој шпекулира, се вели во соопштението што во вторник до медиумите го упати директорката на Фондот за здравствено осигурување Маја Парнаџиева-Змејкова.
„Не го разбирам мотивот зашто јавноста беше дезинформирана од разни медиуми, но јасна е тенденцијата да се креира неизвесност и неоснована критика за добар проект и добри намери“, вели Змејкова.
Таа додава дека мотивот на фондот за сите проекти е секогаш да се подобри одредено право на осигурениците, во случајов правото на болниот и правото на мајката/таткото на породилното отсуство.
„Проектот е по барање на осигурениците, кои се на боледување или породилно отсуство кои сакаат надоместокот да го добијат во исто време со платата на останатите нивни колеги“, вели директорката на ФЗОМ.
Таа појасни дека Фондот во новата владина програма зацрта двогодишен проект за побрза исплата на надоместоците.
„ Имајќи во предвид дека проектот треба да започне во 2016, ние во изминатите два месеци правевме компаративна анализа за исплатите на надоместоците во земјите од нашето опкружување вклучително и земјите од ЕУ. Словенечкото искуство го земавме со големо внимание поради големото задоволство на осигурениците, а воедно го до разработивме и прилагодивме на Македонските услови. Примерот на Словенија е исплатата на надоместоците привремено да ги исплатува фирмата, а во краток рок ФЗО да ги надомести до фирмата во целост“, додава Змејкова.
Според неа, некои од причините за ненавремена исплата на надоместокот се кај самите фирми поради ненавремените поднесоци од нивна страна, како и поради грешките на пресметките за надоместокот од страна на фирмите, заради што настанува застојот и доцнењето во исплатата.
„Во таа насока, во владина процедура се три варијанти за реализација за проектот ’побрза исплата на надоместоците’, од кои едниот е словенечкиот модел, другиот е словенечки модифициран согласно нашите состојби, а третиот е административно и законско решение со кое не се менува системот на исплати, туку се забрзува исплатата“, појаснува директорката на ФЗОМ.
Таа за неточни ги оцени реакциите од опозицијата, при тоа негирајќи дека постојат било какви законски измени во моментов.
Парнаџиева-Змејкова рече дека во овој момент Фондот презел мерка која што ќе стартува од 1 јануари следната година, со која се овозможува постојат било какви законски измени во моментов.
„ Пластично објаснето тоа значи дека по породувањето болницата или матичниот гинеколог ќе пријави по службена должност отворање на породилно отсуство кое фондот веднаш ќе го процесира и ќе почне со исплата, без други документи. Ова е единствената новина за која сакаме да ја информираме јавноста, а е во финална фаза на реализација“, рече Змејкова.
Таа изрази жалење што добар проект за жените и болните, за побрзо да ги добијат парите кога навистина им се потребни (за лекови, терапија, нега за бебе), некои, како што рече, „без грам одговорност, од чисто политички и манипулативни мотиви, си дозволија да го испревртат и злоупотребат за непотребно да ја вознемират јавноста“. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

