Вести
Кери и Лавров разговараа за Украина

Шеф на американската дипломатија Џон Кери и неговиот руски колега Сергеј Лавров одржаа во неделата доцна вечерта во Рим тричасовни разговори на коишто главно дискутираа за украинската криза, првпат по американскиот Конгрес за законот со кој се најавуваат нови санкции против Русија и се дозволуваат испораки на смртоносно оружје за Украина.
За време на разговорите Лавров изјавил дека заемните односи меѓу Русија и САД можат да се развиваат само врз основа на рамноправни односи и сите обиди за вршењето притисок врз Москва ги смета за безнадежни, објави руското министерство за надворешни работи на својата страница на социјалната мрежа Facebook.
„Во контекст на ситуацијата во југоисточна Украина, беше акцентирана неопходноста од спроведување на договорот од Минск и скорешно свикување на Контактната група со таа цел“, се наведува во соопштението што го цитира агенцијата ТАСС.
Кога станува збор за билатералните односи, се додава уште во соопштението на руската дипломатија, Лавров истакна дека нивниот развој е возможен само врз рамноправна односа и почитување на заемните интереси.
Кери и Лавров разговарале и за актуелните меѓународни проблеми, вклучително и „потребата да му се даде нов импулс на израелско-палестинските мировен процес, за решавањето на сирискиот конфликт и развој на сеопфатен договор за иранската нуклеарна програма“.
Русија во неделата се закани со соодветен одговор доколку биде применет текстот насловен „Чин на поддршка на слободата на Украина“, кој американските пратеници го прифатија едногласно. Со него се отвора пат за нови американски санкции против Русија поради наводната нејзина улога во Украина, како и доставување смртоносно оружје на силите лојални на прозападните власти во Киев кои од април војуваат за враќање под контрола на одметнатите југоисточни рускојазични територии.
„Нема сомнение дека моравме да реагираме“, предупреди помошникот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Рјабков, пренесува AFP.
Американскиот претседател може да избира дали споменатиот текстот прифатен во Конгресот и во Сенатот ќе го прогласи за закон или на нега да стави вето. Белата куќа засега не ги открива своите намери, иако претседателот Барак Обама неодамна го оцени како „контрапродуктивно“воведувањето нови американски санкции без усогласување со Европската унија.
И испораката на оружјето од САД во Украина, зависи од претседателот Обама кој засега се спротиставува, потсетува Reuters.
„Имаме голем број прашања за разгледување “ едноставно изјави Кери пред почетокот на разговорите, кои беа всушност 17-та директна средба на двајцата дипломати истакнувајќи ја благодарноста до Лавров што ја прифатил средбата којашто се одвиваше во резиденцијата на американскиот амбасадор во Рим.
Во врска со ситуацијата во Украина, Кери го потврди значењето на „целосното спроведување на договорот од Минск во насока на смирувањето на ситуацијата на теренот. Вашингтон сака спогодбата за прекин на огнот потпишана на 5-ти септември во белоруската престолнина да се спроведе бидејќи „општо се смета за најдобар начин за доаѓање до смирување“./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.