Македонија
Шекеринска на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО во Брисел
Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, од денеска во Брисел, во седиштето на НАТО, учествува на дводневниот состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво министри за одбрана.
Од Министерството потсетуваат дека ова е второ учество на министерката Шекеринска на министерски состанок во овој формат, со што Северна Македонија стана и активен учесник во функционирањето на алијансата.
Во Брисел министерката Шекеринска ќе има билатерални средби со министрите за одбрана на Шпанија, Холандија, Италија, Норвешка и на Полска.
По дводневниот министерски состанок, министерката Шекеринска ќе учествува на бриселскиот форум организиран од Германскиот маршалов фонд, каде што ќе се обрати на панелот посветен на иновациите и новиот пристап кон безбедноста.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Почина таткото на Тоше Проески
Почина Никола Проески – татко на музичарот Тоше.
Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка.
„Светол патот, татко мој“, напиша таа.
Музичарот Тоше Проески загина пред 16 години во сообраќајна несреќа во Хрватска. Неговите родители, по смртта на синот, не се појавуваа во јавноста.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ ветува изградба на магистрален гасовод од Свети Николе до Велес
За Свети Николе предвидуваме изградба на магистрален гасовод до Велес, реконструкција и проширување на патот до Пробиштип, реконструкција и проширување на градинката „Рахилка Гонева“ и нови 8 милиони евра за општината Свети Николе, изјави Драган Ковачки, носител на третата изборна единица од ВМРО-ДПМНЕ.
„Почитувани граѓани, за земјоделците од овој крај, вклучително и за сите земјоделци, предвидуваме 800 милиони евра коишто ќе бидат директна поддршка за земјоделците, за навремени субвенции, за чистење на водоснабдителните системи. Нашите земјоделци заслужуваат подобар живот. Нашите граѓани заслужуваат подобар живот“, рече Ковачки.
Повика на излезност на изборите на 8 мај.
Македонија
Десна објави наводно писмо од Љупчо Палевски: Министерот Лога лаже за екстрадицијата
Политичката партија Десна на својот Фејсбук профил објави писмо од својот лидер Љупчо Палевски Палче, кој чека екстрадиција во Македонија и судска постапка. Палевски е првоосомничен за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.
Во писмото, тој се обраќа до министерот за правда Кренар Лога за кој вели дека „лаже“, и дека токму Палевски барал кратка и брза екстрадиција, без противење.
„Многу важно, го прашав судијата колку време трае БРЗАВА, КРАТКАВА ЕКСТРАДИЦИЈА, добив одговор дека целиот процес е 40 дена од денот на хапсење. На 22 декември бев во Баликесир на повисокиот суд каде за разлика од Првиот, Понискиот Суд, ме прашаа дали постои опасност од МАЧЕЊЕ и УБИВАЊЕ во Македонија. За прв пат почувствував СРАМ за мојава држава и од ИНАТ ако ништо друго дадов изјава: „НЕ, инсистирам на КРАТКА и БРЗА ЕКСТРАДИЦИЈА во Македонија за да се бранам во ИСТРАГАТА.“ Сѐ ова после 5-6 писанија до обвинителот, го добив на коректен Англиски со печат и потпис од Судот. Од тогаш, од минатата година до денес, едни други курветини, „НАТО Прогресивци“, но кои на ЕРДО се клањаат, Министер за Правда, колега на малоумниов Кренар Лога го држат ПАЛЧО во „ЕКСПРЕС“ БРЗА ЕКСТРАДИЦИЈА“, пишува наводно Палчо.
Претходно министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски кажа дека добил информација од Секторот за меѓународна полициска соработка дека е одобрена екстрадицијата за Љупчо Палевски Палчо, со тоа што македонските полициски службеници се во комуникација со турските колеги.