Економија
Анѓушев и Бислимоски: Состојбите во енергетскиот сектор се стабилни

Реформите во секторот енергетика се спроведуваат со предвидената динамика, напредокот во оваа област е видлив, а Владата и Регулаторната комисија за енергетика ги завршуваат навремено сите процеси предвидени со новиот Закон за енергетиката, изјавија вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, и претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, Марко Бислимоски, во рамките на работилница за енергетика, на која беше презентиран новиот закон и подзаконските акти што произлегуваат од него, како и актуелните случувања во енергетскиот сектор.
„Плодовите од новиот Закон за енергетиката веќе ги гледаме. Реформите во енергетиката, дефинитивно, се на едно од првите места кога станува збор за имплементација на реформите во државата. Извештајот за напредокот од Европската комисија укажува дека во однос на економските поглавја, во ова поглавје постои најголем прогрес, а Секретаријатот на Енергетската заедница ги поништи тужбите поднесени кон Република Северна Македонија за неимплементацијата на енергетските реформи во минатото. Енергетиката ги засега сите граѓани, а со новиот закон се опфатени сите енергенти што граѓаните ги користат секојдневно“, истакна вицепремиерот.
Анѓушев потенцира дека со имплементацијата на Законот за енергетиката во изминатата година сите упатени критики во врска со оваа тема се покажаа неаргументирани и неточни.
Бислимоски изјави дека Регулаторната комисија за енергетика, почитувајќи ги кусите рокови, предвидени со Законот за енергетиката, во рекордно време го донела пакетот подзаконски акти со кои се овозможува имплементација на законот.
„На тој начин обезбедивме либерализација на пазарот на електрична енергија, осигуравме да нема ценовни шокови, комерцијалните потрошувачи ги намалија трошоците за електрична енергија од 20 до 30 отсто, а воедно овозможивме и намалување на цената за пренос на природен гас за 12 отсто, со што им овозможивме помали трошоци на сите компании што го користат овој енергент. Зборувавме и за зголемување на производството на електрична енергија од обновливи извори и нè радува тоа што со новиот концепт за поддршка на обновливи извори трошоците за обновливи извори, кои досега ги плаќаа сите граѓани преку т.н. повластената тарифа и која влијаеше со 7 отсто во цената, во иднина субвенцијата ќе биде обезбедена директно од буџетот на државата, со што ќе нема влијание врз цената на електрична енергија на крајните потрошувачи“, рече Бислимоски.
На дводневната работилница, која беше планирана за детаљно информирање во врска со Законот за енергетиката и подзаконските акти што произлегуваат од законот, учествува уредници и новинари од повеќе медиуми, кои известуваат за секторот енергетика, а на самата работилница се обрати и г. Хари Бојд Карпентер, директор за енергетски прашања во Европската банка за обнова и развој, која ги поддржува енергетските реформи во Република Северна Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
ВМРО-ДПМНЕ: Заврши времето на матни тендери во енергетиката, СДС да се помири дека државата оди напред

ВМРО-ДПМНЕ испрати реакција на прес-конференцијата на Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ.
„Заврши времето на матни тендери во енергетиката, СДС да се помири дека државата оди напред.
Ветерниот парк во Штип, Карбинци и Радовиш е најголема енергетска инвестиција од осамостојувањето до денес. 500 милиони долари ќе влезат во државата, а СДД наместо да се радува лее солзи.
Многу скоро од денес, Македонија од увозник на струја, ќе стане извозник.
Владата ја обезбедува енергетската сигурност на државата.
Иднината во Македонија ќе биде сигурна, сите ќе живееме во држава која ги има сите придобивки на 21-от век. А, СДС слободно може да останат со реториката во минатиот век, народот тоа го гледа и ќе ги избрише на следните избори“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Економија
(Видео) Илиевски: Има ли „Алказар Енерџи“одобрение за градба или не, каков е бизнис интересот на Божиновска и Мицкоски?

Владата на ВМРO-ДПМНЕ прави класична распродажба на националните ресурси од македонската енергетика, кажа денеска на прес-конференција, Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ.
„Иако Владата го претставува ветерниот парк на „Алказар“ како историска инвестиција – фактите говорат нешто сосема поинаку. Моделот на „Алказар Енерџи“ е јасен: развиј, изгради и продади. Токму тоа се случи со нивниот прв фонд – проектите развиени на Блискиот Исток беа продадени 100% на кинески државен конзорциум“, вели Илиевски.
Според него, „прашањето не е дали ветерниот парк ќе биде продаден, туку кога и на кого“.
„Кој е вистинскиот бизнис интерес на Мицкоски? Дали тука се вклучени и контроверзни имиња од регионот, добро познати од трговијата со струја? Дали со нив соработувал тандемот Мицкоски – Божиновска? Пред една година од ВМОР-ДПМНЕ тврдеа дека паркот ќе обезбеди струја за 100.000 граѓани. Сега Мицкоски смени лента, од собраниска говорница најавува дека странска компанија ќе ја откупува струјата. Па, кого навистина ќе снабдува овој проект – народот или приватниот купувач? Зошто бизнис модел кој се темели на продажба се претставува како долгорочно стратешко партнерство?“ истакна меѓудругото потпретседателот на СДСМ, Илиевски.
На прес-конференцијата регираше ВМРО-ДПМНЕ.
„Заврши времето на матни тендери во енергетиката, СДС да се помири дека државата оди напред. Ветерниот парк во Штип, Карбинци и Радовиш е најголема енергетска инвестиција од осамостојувањето до денес. 500 милиони долари ќе влезат во државата, а СДД наместо да се радува лее солзи. Многу скоро од денес, Македонија од увозник на струја, ќе стане извозник. Владата ја обезбедува енергетската сигурност на државата. Иднината во Македонија ќе биде сигурна, сите ќе живееме во држава која ги има сите придобивки на 21-от век. А, СДС слободно може да останат со реториката во минатиот век, народот тоа го гледа и ќе ги избрише на следните избори“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Економија
„Најголемиот пораз од 1515 година“ – високите царини од САД за Швајцарија ќе остават без работа илјадници луѓе

Иако швајцарската претседателка Карин Келер-Сатер го напушти мајскиот состанок со американскиот министер за трговија Скот Бесант со насмевка, уверена дека постигнала договор за воведување царина од 10 проценти наместо најавените 31, Вашингтон сепак воведе многу повисока царина за Женева, дури 39 проценти. Оваа царинска стапка ја рангира Швајцарија на четврто место во светот по нивото на американските царини, веднаш зад Сирија, Лаос и Мјанмар.
Непосредно пред 1 август, крајниот рок за завршување на трговските преговори со САД, претседателката се обиде да го спречи овој исход преку директен разговор со Трамп, но без успех.
Швајцарскиот весник „Блик“ ја нарече оваа царинска мерка „најголемиот швајцарски пораз од Битката кај Марињано во 1515 година“. Мислењата во земјата се поделени, додека некои веруваат дека Швајцарија била премногу строга во преговорите, додека други ја критикуваат дека е премногу попустлива. Третите, од друга страна, ладнокрвно наведуваат дека Швајцарија е едноставно премногу мала за да го склучи големиот договор со Трамп на кој се надеваше.
Новиот трговски поредок што го воведуваат САД, според Би-Би-Си, никому не му носи добри вести.
Американскиот претседател со години се обидува да ги корегира трговските дефицити што САД ги имаат со одредени земји преку царини, иако повеќето економисти не се согласуваат со ова. Тој верува дека царините ги штитат домашните производители и работните места, особено во секторите кои со децении се соочуваат со жестока странска конкуренција.
Трговскиот дефицит на САД со Швајцарија изнесуваше 47,4 милијарди долари во 2024 година. Кога ќе се вклучат услугите, тој се намалува на 22 милијарди. Швајцарија најмногу извезува фармацевтски производи, златен накит, часовници и машински алати во САД.
Во обид да се намали нерамнотежата, швајцарската влада ги укина царините за американските индустриски производи, додека големи компании најавија повеќемилионски инвестиции во производствени капацитети во Соединетите Американски Држави.
Денес, Швајцарија е шестиот најголем странски инвеститор во САД, а нејзините компании директно вработуваат околу 400.000 луѓе во таа земја.
Швајцарските фирми сега предупредуваат дека десетици илјади работни места би можеле да бидат изгубени ако царината од 39 проценти остане во сила, откако ќе се примени на 7 август.
Би-Би-Си наведува дека Женева има многу малку простор за контрамерки и веќе им понудила на САД речиси сè што има.
Единствената преостаната опција би можела да предизвика сериозна трговска војна: повлекување на најавените инвестиции, воведување реципрочни царини и откажување на нарачките за американски борбени авиони.
Карин Келер-Сатер испрати јасна порака во петокот: одговорноста за трговската криза е кај – Доналд Трамп.