Македонија
Тевдовски нема да му биде советник на Заев: „Со крената глава се враќам на Економскиот факултет“

Драган Тевдовски, кој вечерва беше разрешен од позицијата министер за финасии, на „Фејсбук“ објави дека во иднина повторно им се враќа на ангажманите на Економскиот факултет во Скопје.
На овој начин Тевдовски практично ја негира вчерашната изјава на премиерот Зоран Заев дека ќе биде ангажиран како негов советник.
„Чест ми е што ја водев најдобрата институција во земјата. Се гордеам што имав одличен тим со кој не се плашев да влезам во ниту една битка. Благодарност до вработените во Министерството за финансии што беспоштедно работеа да ги спроведеме реформите. Најголемата награда за мене за овие две години доаѓа деновиве кога насекаде граѓани ме застануваат и ми велат: ‘браво и главата горе’. Тоа е за мене најдобриот начин да се излезе од едно министерство. И затоа со крената глава и целосно посветен му се враќам на Економскиот факултет“, напиша Тевдовски на својот фејсбук-профил.
Драган Тевдовски е еден од министрите што ги зафати најавената метла на премиерот Заев иако неговото име во јавноста не беше поврзано со некој скандал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Се излеа Маркова Река кај Батинци

Маркова Река се излеа денес по обилните врнежи од дожд.
Во селото Батинци, водата е надојдена, излевајќи се на неколку места околу речното корито.
Ангажирана е механизација за санирање на штетата, а градоначалник на Студеничани, Азем Садики, објави дека забележана е материјална штета во дворовите од куќите кои се наоѓаат во близина на реката.
Засега, според градоначалникот, нема потреба од евакуација.
Фото: ТВ21/скриншот
Македонија
Тетово повика на јавна дебата за промена на имињата на улиците

Општина Тетово в петок, со почеток во 15:00 часот, организира јавна дебата за предлози за имиња на улиците.
„Ги повикуваме сите граѓани, здруженија, невладини организации и граѓанскиот сектор да учествуваат на оваа јавна дебата за именување на улиците“, велат од општината преку допис.
Додаваат дека секој предлог од граѓаните е важен и помага овој процес да биде инклузивен и успешен за граѓаните и градот Тетово.
Македонија
Тошковски: Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10 отсто

Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10 отсто, информира министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
„Изминативе години сосема оправдано имаше критики дека платите во МВР се ниски, а очекувањата и одговорностите големи. Често се укажуваше на разлики во однос на некои сродни служби, а чувството на потценетост беше реално и оправдано. Ова зголемување не е доволно, но е еден од многуте чекори што ќе следат во насока на враќање на достоинството и угледот на полицаецот. Целта е јасна – да изградиме модерна, професионална и силна полиција која ќе биде вистински сервис на граѓаните. Продолжуваме понатаму кон обезбедување на подобри услови, поголема поддршка и вистинско вреднување на трудот што секојдневно се вложува“, напиша Тошковски во објавата на социјалните мрежи.