Свет
Мексиканските полицајци мора да ослабат ако сакаат да бидат во гарда

Полицајците во Мексико, кои сакаат да ѝ се приклучат на Националната гарда, мора да ослабат за да се занимаваат со мигрантската криза во земјата.
На група полицајци им беше кажано дека имаат шест месеци за да ги исполнат условите за тежина или да ги променат своите работни места.
Истражувањето на Националната агенција за статистика и географија за 2017 година покажа дека 79 отсто од полициските службеници во земјата имаат прекумерна тежина или се дебели.
На почетокот од оваа година претседателот Андрес Мануел Лопес Обрадор од Конгресот доби одобрување за нова Национална гарда, која ќе има 60.000 војници, со што го исполни ветувањето дека ќе се концентрира на борбата против организираниот криминал и општото беззаконие.
Сепак, критичарите тврдат дека Националната гарда не се занимава со организиран криминал и беззаконие, туку со имиграциската криза бидејќи луѓето од Централна Америка се обидуваат да стигнат до САД преку Мексико.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски: Украина редовно ќе користи свои балистички ракети во иднина

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека Украина успешно ги користела ракетите „Нептун“ и дека ќе дојде време кога редовно ќе ги користи своите балистички ракети.
Зеленски зборуваше за време на Меѓународниот форум на одбранбената индустрија, нагласувајќи дека еден од приоритетите е максимално зголемување на производството на пресретнувачки беспилотни летала за соборување беспилотни летала од типот „Шахед“, објави украинскиот „Униан“.
„Во моментов има одреден дефицит, но работиме на тоа. Истото важи и за развојот на украинските балистички способности. Успешно го користевме „Нептун“ – нашите крстосувачки ракети – неколку пати. Ќе дојде време кога редовно ќе ги користиме сопствените балистички ракети“, рече Зеленски, пренесува Танјуг.
Тој нагласи дека ова е една од клучните безбедносни цели за државата, како и за сите компании и поединци кои учествуваат во развојот на украинската ракетна програма. „Имањето сопствена ефикасна балистика е една од гаранциите за безбедност“, рече украинскиот претседател.
Зеленски, исто така, истакна дека од почетокот на војната, потенцијалот на украинската одбранбена индустрија се зголемил многукратно и дека за следната година се проценува дека производствениот капацитет на беспилотни летала и ракети ќе достигне 35 милијарди долари.
Фото: принтскирн
Свет
Орбан: ЕУ се распаѓа

Унгарија не треба да го усвои еврото затоа што Европската унија се распаѓа и Унгарија не треба поцврсто да ја врзува својата судбина за блокот, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан во интервју за бизнис-страницата EconomX.
Унгарија, која ја модернизираше својата економија со милијарди евра од Брисел откако се приклучи пред две децении, во моментов не ги исполнува условите за усвојување на еврото.
За разлика од Данска, Унгарија нема законско ослободување од приклучување кон валутниот блок. Некои од источните соседи на Унгарија, вклучувајќи ги Полска, Чешка и Романија, исто така остануваат надвор од еврозоната, барем засега.
Орбан, кој е на власт од 2010 година, стана сè погласен критичар на ЕУ, која задржа милијарди евра средства за Унгарија поради реформите за владеење на правото.
„Унгарија не треба да ја врзува својата судбина поцврсто со Европската Унија отколку што ја врзува сега, а воведувањето на еврото би било најблиската можна врска“, предупреди Орбан.
Фото: ЕПА
Регион
Пронајдени се телата на браќата од Хрватска во словенечките Алпи

Словенечките планински спасувачи ја продолжија својата акција утрово под врвот Тошќ, во Јулиските Алпи, каде што вчера лавина затрупа тројца хрватски планинари.
Исчезнатите лица, по кои се трагаше од вчера, за жал се пронајдени мртви, објавува словенечки 24ur. Како што неофицијално дознава словенечкиот медиум, двајца од нив биле браќа.
„Ги пронајдовме двајцата – едниот беше закопан околу еден метар во снегот, а другиот околу метар и пол. Првиот успеавме да го транспортираме во долината со хеликоптер, додека сè уште чекаме транспорт за вториот. Самиот терен е многу тежок бидејќи е карпеста, стрмна клисура со бројни карпести скокови, што ја направи работата опасна и тешка за спасувачите. За жал, ќе кажам дека сите тројца планинари што ги пронајдовме во лавината починаа. Им изразувам искрено сочувство на нивните семејства“, рече тој.