Македонија
Шекеринска во Брисел на состаноци посветени на буџетирањето на одбраната и мисијата во Авганистан
Министерскиот состанок на Северноатлантскиот совет на Алијансата на кој учествува министерката за одбрана Радмила Шекеринска, продолжи денеска со две сесии, посветени на буџетирањето на одбраната и на мисијата на Алијансата во Авганистан, „Одлучна поддршка“.
Шекеринска информираше дека буџетот за одбраната во последните две години расте, а државата е на одличен пат зацртаните 2 посто од бруто-домашниот производ, алоцирани за одбрана, да бидат постигнати до 2024 година.
На состанокот посветен на мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан, министерката ги поздрави и поддржа напорите на НАТО за воспоставување на стабилност, безбедност, мир, слобода и демократија во оваа земја. Истакна дека нашата земја ќе продолжи да придонесува со свои припадници во оваа мисија во која сега имаме 47 војници, подофицери и офицери. Тоа е факт кој покажува дека Северна Македонија не отстапува од своите позиции и секогаш носи одлуки кои се за доброто на регионот, на Алијансата, и на глобално ниво.
Денеска, Шекеринска имаше и две одвоени средби со министрите за одбрана на Италија, Елизабета Трента и на Полска, Мариус Бласчзак.

View of the room
На средбата со министерката Трента, Шекеринска ги повтори позициите на Северна Македонија дека Италија беше и останува исклучително значаен партнер и набрзо сојузник на нашата земја и дека ние ја цениме сета досегашна италијанска поддршка, особено во изминатиот клучен период за нашата држава. Министерката Трента рече дека поддршката продолжува и дека во Италија во тек е процесот на ратификација на Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО.
На средбата Шекеринска – Бласчзак, беше потврдена исклучително добрата билатерална соработка меѓу Северна Македонија и Полска, која беше крунисана со ратификацијата на пристапниот протокол за членство на нашата земја во Алијансата, во април годинава. Министерот Бласчзак порача дека одбранбената соработка е одлична и дека таа во иднина ќе се продлабочи уште повеќе.
По завршувањето на состанокот на Северноатлатнскиот совет, министерката Шекеринска ќе учествува на Бриселскиот самит на Германскиот Маршалов Фонд, каде ќе говори на тема иновациите и новиот пристап кон безбедноста.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Апасиев: Семејното насилство да се казнува повеќе од обичното, итно е потребна радикална реформа на заостанатите Центри за социјална работа
„Како што дрска кражба се казнува повеќе, а не помалце од обична; како што убиство со умисла се казнува повеќе, а не помалце од убиство на миг; така и семејно насилство треба да се казнува повеќе, а не помалце од обично насилство – оти една од основните функции на семејството е заштитната! А каква “заштита” имаш ако дома маж ти те тепа секој ден?“, пишува претседателот на Левица, Димитар Апасиев на социјалните мрежи.
Тој порача дека „под итно е потребна радикална реформа на заостанатите Центри за социјална работа, кои се напикани со неспособни и нестручни партиски штабци! Под итно!!!“
Македонија
Максо е платеник на ВМРО кој за свои лични и бизнис интереси со ЗНАМ сакаше да го уништи СДСМ одвнатре, велат од СДСМ
Максим Димитриевски – Максо го гледаме како кука по телевизија, како да не е дел од криминалната власт, велат од СДСМ.
„Максо е платеник на ВМРО кој за свои лични и бизнис интереси со ЗНАМ сакаше да го уништи СДСМ одвнатре, но не му успеа.
Очигледно сега, кога граѓаните знаат дека бил кукавичко јајце и дека ЗНАМ како партија повеќе нема никаква поддршка од граѓаните, бара да си ги наплати своите „заслуги“ за ВМРО-ОКГ.
Дури Максо зборува и за Груби, дека е дома, во куќен притвор, а неговиот шеф Мицкоски стои позади тој дил.
Што глуми Максим Димитриевски?
Или не му дале некој нов тендер па мора малку да плаче по телевизија за да го добие?
Како оној во Пошта, од 1,2 милиони евра што го доби фирма блиска до ЗНАМ во време кога вработените не можат навреме ниту плата да поделат“.
Максим, додаваат од опозициската партија, е познат по тоа што јавно призна дека не живее од плата.
„Затоа не мисли тој на работниците и тоа што тој и неговата влада одбиваат да им ја покачат минималната плата на 600 евра.
За тоа не се жали Димитриевски, не знае што е плата и како е да се преживее од први до први во месецот, како што се мачат над 200 илјади работници.
Сè е приватен бизис во тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ, никој од нив не живее од плата, само од тендери“.
Македонија
Општина Аеродром објави јавен повик за доделување признанија за особени достигнувања
Општина Аеродром објави јавен повик за доделување признанија за особени достигнувања во областа на науката, уметноста, спортот, образованието и заштитата на животната средина.
Признанијата се доделуваат за остварувања во претходната и тековната година, како и за подолг период на работа и творештво, вклучително и постхумни награди.
„Кандидатите можат да се пријават лично или да бидат предложени од правни и физички лица.
Рокот за поднесување пријави е седум работни дена од денот на објавувањето на повикот.
Пријавите се доставуваат по пошта на адреса: Општина Аеродром, бул. „Јане Сандански“ 109Б, 1000 Скопје, или лично во архивата на Општината, секој работен ден од 9:00 до 15:00 часот.
Подетални информации и потребните обрасци се достапни на: http://aerodrom.gov.mk/vest/9566“.

