Вести
Израел ликвидирал еден од командантите на Исламски џихад во Газа
Еден од командантите на военото крило на радикалното исламско движење Исламски џихад кое е активно во палестинската енклава Појасот Газа загинал во израелски воздушен удар во кој се убиени уште девет Палестинци, соопшти во понеделникот групацијата која е сојузник на Исламското движење на отпорот (Хамас) кое управува со енклавата.
Еден од командантите на военото крило на радикалното исламско движење Исламски џихад кое е активно во палестинската енклава Појасот Газа загинал во израелски воздушен удар во кој се убиени уште девет Палестинци, соопшти во понеделникот групацијата која е сојузник на Исламското движење на отпорот (Хамас) кое управува со енклавата.
Бомбардирањето на израелската авијација се случило непосредно пред почетокот на седумчасовното ткн „хуманитарно примирје“, што го објави еднострано Израел во повеќе делови на палестинската енклава.
„Командантот Даниел Камал Мансур, односно Абу Абдула, е убиен во непријателското бомбардирање на (северниот град) Џебалија. Заедно со него загинаа и муџахединот Абдел Наср Аџури и осум членови на семејството Наџим“, се наведува во соопштението на Бригадите ал-Кудс, военото крило на Исламски џихад.
Мансур е еден од највисоко позиционираните палестински милитанти кои загинаа во израелската офанзива „Линија на одбраната“ започната на 8-ми јули чија цел е уништување на движењето Хамас и неговата инфраструктура. Израелската армија потврди дека го ликвидирала Мансур во операција водена заеднички со Генералната служба за безбедност (Шабак). Мансур, според информациите на армијата, командувал со разузнавањето на Бригадите на Ал-Кудс во северниот дел од Појасот Газа, а во последниот израелско-палестински конфликт „непосредно учествувал во командувањето“ со ракетните напади врз Израел.
Според палестинските извори, во понеделникот пет лица загинале во Џебалија, три во квартовите Зејтун и Шеик Радван во Газа, еден во Нусејрат во центарот на енклавата Газа и едно дете во Рафах, во јужниот дел, изјави портпаролот на спасувачката служба Ашраф ал-Кудра.
Со тоа бројот на палестинските жртви во четиринеделната израелска офанзива се зголеми на 1.822 лица. Од почетокот на судирот израелската армија извела 4.686 напади во Појасот Газа. Во сиот период врз израелската територија паднале 2.560 ракети и монофрлачки гранати кои ги истрелале палестинските борци, од кои 556 ги пресретна израелската противвозсушна одбрана „Челична купола“, соопшти армијата./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.