Македонија
Собранието ги избра новите министри
Пратениците доцна вечерва во Собранието ги избраа новите министри- Хисни Исмаили за култура, Насер Нуредини за животна средина, Горан Милевски за локална самоуправа, Трајан Димковски за земјоделство и Садула Дураки кој направи трансфер во новоформираното министерство за политички систем.
Пратениците во текот на целиот ден дискутираа и жестоко се расправаа за предложените министри. Пратениците од владејачкото мнозинство го бранеа предлогот на Заев за владината реконструкција , додека опозицијата критикуваше дека предложените функционери не се ссодветни.
Пратеничката Даниела Рангелова од ВМРО-ДПМНЕ рече дека премиерот направил грешка како мандатар кога најавил голема метла во владата и институциите, со што ги зголемил очекувањата на граѓаните.
Додека Бетијане Китев од СДСМ рече дека пораката на народот од претседателските избори е примена и оти оваа владина реконструкција е одговор на тоа.
На крајот на расправата за избор на новите министри Заев рече дека биле кажани многу невистини од говорницата, а промените биле најавени и се случуваат.
„Имаше членови на мојата партија кои се оденсуваат како локални шерифи односно немаат слух за граѓаните. Предложивме промени на 7 луѓе, а ќе следуваат промени и кај заменичките функции и директорите. Убеден сум дека во декември имаме шанси да станеме членка на НАТО. Убеден сум и дека ќе ги отвориме поглајвата 23 и 24 до крајот на годината“, рече Заев.
Премиерот додаде дека неговата амбиција да раководи со министерството за финансии не е да потпишува, туку да ги максимизира своите одговорности кои треба да донесат бенефит за сите граѓани.
Заев претходно го повлече предлогот тој да биде министер за финансии, но најави дека ќе раководи со институцијата до изборот на нов министер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

