Македонија
(Видео) Калајџиев: Правниот систем е поделен меѓу Врховен и СЈО со странските амбасади
Судството треба да престане да чека одлуки од политката. Едно решение за проблемот со СЈО даде Врховниот суд, со кое не се согласува Обвинителството. Кој би можел да го толкува тој закон кој е дел од пржинскиот договор?, јавно запраша универзитетскиот професор Гордан Калајџиев зборувајќи за иднината и истрагите на СЈО.
Говорејќи за правниот вакуум во врска со статусот на СЈО, Калајџиев рече дека не е добро што во општеството постои поделеност.
„Правниот систем е поделен. Од една страна, Врховниот суд, а од друга, Министерството за правда, СЈО и странските амбасади“, рече тој.
Професорот потенцира дека проблемот со рокот на Обвинителството треба да се решава со принципи, а не со навивање.
„Судството мора да пресече според правото, а не според политиката. Судиите се ставени меѓу чеканот и наковалната“, рече Калајџиев.
Тој посочи дека државата не може да си игра со судбината на обвинетите, во смисла дека може еднаш да прекине да ги гони, а потоа со нов закон да продолжи со кривичниот прогон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Приведен поранешен раководител на УЈП во акција поврзана со дискотеката „Пулс“
Во полициска акција приведен е поранешен раководител на подружница на УЈП, а опфатени се повеќе службеници и вработени, во рамки на истрага за дискотеката „Пулс“.
Од МВР најавија повеќе детали за подоцна.
„Полициски службеници од СВР Штип, ОВР Кочани во соработка со Одделот за криминалистичка полиција по насоки на ОЈО Кочани преземаат повеќе активности на неколку локации низ државата. По завршувањето на акцијата јавноста ќе биде соодветно известена“, соопшти МВР.
Македонија
Зошто ВМРО-ДПМНЕ молчи за Никола Груевски, прашуваат од СДСМ
Скандалозните ставови на претседателката Давкова дека „не било време за реформи“ поради тоа што во Европа имало војни е политичко ехо на пораките на Никола Груевски, кој само неколку дена претходно од Будимпешта испрати идентичен наратив, велат од СДСМ.
Прашуваат зошто ВМРО-ДПМНЕ молчи за Никола Груевски.
„Ова е доказ дека Груевски и понатаму ја води партијата од Будимпешта, а Мицкоски и Сиљановска се само формални извршители на неговите директиви.
Се повеќе станува јасно дека владата станува заробена од бегалец од правдата, кој од туѓа држава диктира што треба да се случува“.
Македонија
До недела дожд, на повисоките планини и снег, најавуваат метеоролозите
До недела ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Утре и во сабота наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 литри на метар квадратен за 24 часа, локално во форма на невреме со засилен ветер и појава на грмежи. Во недела поради продор на постудена воздушна маса на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег.
Во понеделник и вторник утринските температури значително ќе опаднат.
Во Скопје, до недела ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Во сабота во делови од котлината врнежите ќе бидат поројни и пообилни со услови за ретки грмежи.

