Спорт
Гризман за помала плата ќе игра во Барселона

Антоан Гризман договори пет годишен договор со Барселона „тежок“ 85 милиони евра, пренесе „Лекип“.
Според овој извор, Гризман, ќе се пресели во Барселона по 1 јули, кога неговата откупна клаузула од 200 милиони евра ќе падне на 120 милиони евра.
Светскиот првак со Франција, во Барселона ќе има годишна плата од 17 милиони евра, што е за шест милиони евра помалку од платата која ја имаше во Атлетико.
Гризман е поврзуваше и со трансфер во Пари Сен Жермен, но тој сепак реши да остане во Ла Лига.
Минатата сезона, Гризман, постигна 21 гол во сите натпреварувања, што е негова најслаба сезона од моментот кога во 2014 година од Реал Сосиедад пристигна во Атлетико за сума од 30 милиони евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Манчестер Сити потпиша најголем спонзорски договор во историјата на Премиер лигата

Манчестер Сити потпиша нов договор со производителот на спортска опрема Puma во вредност од неверојатни 1.18 милијарди евра. Со овој договор, соработката продолжува барем до 2035 година, а годишната вредност на договорот се зголемува на 118 милиони евра, што е значително зголемување во однос на досегашните 77 милиони евра годишно.
Според „Гардијан“, ова е рекорден договор за еден клуб од Премиер лигата, највисокиот ранг на англискиот фудбал, на годишно ниво. За споредба, Манчестер Јунајтед во 2023 година потпиша десетгодишен договор со Adidas вреден околу 1.06 милијарди евра, додека Ливерпул има договор вреден 71 милион евра по сезона.
Откако партнерството со Puma започна во 2019 година, тимот на Пеп Гвардиола освои четири титули во Премиер лигата и стана втората англиска екипа во историјата што ја освоила тројната круна. Претставникот на Сити, Феран Сориано, не го криеше задоволството.
„Се здруживме со Puma со амбиција да се предизвикаме себеси и да ги надминеме очекувањата. Тоа и го постигнавме во изминатите шест сезони“, изјави Сориано. „Денешното обновување го зацврстува нашиот однос и го проектира во уште посветла иднина“, додаде тој, како што пренесува „Гардијан“.
Puma е исто така партнер и на другите клубови кои се дел од City Football Group, меѓу кои се: Мелбурн Сити, Палермо, Боливија…
Фото: ЕПА
Спорт
Падна рекорд: Ѕвезда го продаде Максимовиќ за 14.000.000 евра

Андрија Максимовиќ е пред потпис за Лајпциг и според информациите на Спорт Клуб, се преземаат последните чекори пред најголемиот трансфер во историјата на Црвена Ѕвезда. Практично сè е завршено во врска со продажбата.
Лајпциг ќе плати за Максимовиќ 14 милиони евра, а српскиот клуб ќе има и десет проценти од следниот трансфер.
Црвена Ѕвезда нема да добие 20 милиони евра, за кои зборуваше генералниот директор, Звездан Терзиќ, бидејќи и нему му беше јасно дека станува збор за апсурдна сума, пишуваат српските медиуми.
Сепак, тие не можат да бидат незадоволни на „Маракана“, бидејќи ќе реализираат рекорден трансфер и добро ќе ја наполнат касата.
Фото: принтскрин
Спорт
Ливерпул ја отфрли понудата од 67,5 милиони евра на Баерн Минхен за трансфер на Луис Дијаз

Ливерпул ја отфрли првата официјална понуда на Баерн Минхен за крилниот напаѓач Луис Дијаз. Се верува дека понудата е вредна 58,5 милиони фунти (67,5 милиони евра) – и клубот ја одби целосно, јави „Скај Спортс њуз“ од каде тврдат дека Ливерпул му одговорил на Баерн дека Дијаз не е на продажба.
Сепак, Баерн верува дека Дијаз е заинтересиран да им се придружи. Според „Скај“ во Германија, Баерн подготвува уште една понуда за Дијаз, кој останува врвен приоритет за германските шампиони.
Доколку го сторат тоа, тогаш Ливерпул треба да донесе уште една одлука – но ставот на клубот досега ова лето е недвосмислен.
Тие сметаат дека не е на продажба и не сакаат никакви понатамошни понуди. За нив Дијаз останува важен играч не само за претстојната сезона, туку и за остатокот од неговиот договор, кој има уште две години до истекување.
Се смета дека клубот од „Енфилд“ им го ставил тоа јасно до знаење на сите заинтересирани клубови, што ја вклучува и Барселона ова лето.
Внатрешното сметководство на Ливерпул го проценува Дијаз на повеќе од 86 милиони фунти (100 милиони евра+), но клубот не поставил продажна цена бидејќи немаат намера да го продадат.