Македонија
За две од осомничените мерки на претпазливост место притвор
Две од десетмината осомничени, кои утринава беа уапсени по наредба на Обвинителството за организиран криминал и корупција, добија мерки на претпазливост место притвор. Како што информира обвинителството, во текот на денешниот ден, откако осомничените дадоа искази пред судија на претходна постапка во Основниот кривичен суд Скопје, надлежниот обвинител кој постапува во предметот за две од осомничените лица го повлече предлогот за определување на мерката притвор. Тој му предложил на судот за нив да бидат определени мерки на претпазливост.
Тоа значи дека ќе им бидат одземени патните исправи и имаат забрана за нивно издавање, а определена им е и забрана за напуштање на живеалиште, повремено јавување на службено лице во судот и забрана за вршење дејности на работното место кои се поврзани со предметното кривично дело.
Обвинителката Ивана Трајчева претходно информираше дека во утринската акција на МВР, по налог на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција се уапсени 10 лица, а по едното полицијата се` уште трага. Десетмина се осомничени за злоупотреба на службена положба и овластување, а едно лице за несовесно вршење на службата.
Во истрагата, покрај министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, опфатени се државната правобранителка Емилија Радојкова, Димитар Димовски, државниот советник за урбанистичко планирање во Министерството за транспорт и врски…
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

