Општество
Лутфиу на доделувањето на дипломи на Универзитетот на Југоисточна Европа
Министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу, денес присуствуваше на доделувањето на дипломите на дипломираните студенти на Универзитетот на Југоисточна Европа.
„Денеска се чувствувам привилегиран, бидејќи имам можност да се обратам пред дипломираните студентите од универзитетот на еден од најдобрите рангирани високообразовни установи во земјата и во регионот. Овој универзитет е промотор на промени и прогресивни идеи за подобрување на квалитетот на високото образование. Промотор на национално и на демократските вредности. Центар за стекнување на знаење и арена на конкуренција за повеќе квалитет“, истакна во своето обраќање пред дипломираните студенти министерот Лутфиу.
Исто така, потецираше Лутфиу, се надевам дека иднината на граѓаните на Република Македонија ќе биде во рацете на образовани кадри и талентирани луѓе, кои ќе имаат можност да се справат со предизвиците на времето.
„Дипломираните студентите од овој Универзитет ќе бидат еднакви во секоја област на општествениот живот со своите врсници во нашата земја и по широко“, рече Луфтиу, додавајќи дека Универзитетот на Југоисточна Европа станал почитувана академска институција.
2За нас квалитетот на образовниот систем е клучен услов за европска култура, образовна и економската размена за интеграција на Македонија во Европската Унија. Вашата работа нека биде незапирлива со цел да се обезбеди квалитет во иднина, односно вашата диплома дa биде доказ за вашето знаење“, им порача Лутфиу на студенти.
Според министерот, универзитетот секогаш ќе биде еден од најсилните и најзначајните високообразовни установи – генератор на развој на општеството и знаењето.
„Затоа, овој универзитет ви даде можност, вештини и надлежности со цел успешно да се натпреварувате во пазарот на трудот. Несомнено современите студиски програми, ќе ги зголемат вашите шанси за вработување, бидејќи универзитетот има значајна репутација на меѓународно ниво. Сакам да Ви честитам за овие достигнувања, за овој успех истовремено убеден сум дека вашите академски и професионални амбиции не завршуваат со дипломирањето туку ќе продолжат и во иднина“, рече Лутфиу. Лутфиу, изрази убедување дека Универзитетот на Југоисточна Европа и во иднина ќе продолжи да биде лидер на сцената на високото образование во Македонија и еден од столбовите над кои ќе се изгради развојот на одржлив економски и социјален развој на нашето општество.
„Ќе бидеме еден од главните сојузници на ова институција и на граѓаните во наставниот, образовниот и научниот процес. Ние и во иднина ќе бидеме вклучени во развивањето на овие процеси со цел нашата улога да биде уште поголема и подиректна, што подразбира зголемување на вниманието на институциите во поддршка на процесот на реформи и развој на квалитетот. Универзитетот е место каде што се гради иднината, така што високо образовните институции треба повеќе да се ангажираат во изградбата на патиштата во процесот на интеграција и развојот на земјата. Јас како министер за образование и наука, без никакви услови изразувам посветеност на институцијата која што го претставувам освен барањето за квалитетно образование во овој голем предизвик за вас и за нашето општество“, истакна во своето обраќање министерот Лутфиу./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.
Македонија
Годишен извештај на Народниот правобранител: Помалку претставки од граѓаните за работата на јавните обвинителства
Во извештајната 2023 година, во областа која се однесува на работата и постапувањето на обвинителствата во Република Северна Македонија поднесени се 63 претставки што е за 24 помалку во однос на 2022 година, се констатира во Годишниот извештај за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2023 година што го објавува Народниот правобранител на Република Северна Македонија.
Согласно објавените податоци, бројот на претставки на граѓаните на годишно ниво се намалил за повеќе од 38%, што претставува резултат на заложбите на Јавното обвинителство за зголемување на ефикасноста на постапките и континуираните напори за подобрување на довербата на граѓаните во работата на јавните обвинителства.
Во најголем број од претставките граѓаните бараа интервенција во врска со постапки пред основните јавни обвинителства (51), потоа пред Основното јавно обвинителството за организиран криминал и корупција (4), постапка пред Јавното обвинителство на РСМ (3), пред вишите јавни обвинителства (2), друго (2) и една претставка се однесуваше за постапка пред Совет на јавни обвинители. Ваквиот сооднос е очекуван со оглед на обемот на предметна работа и фактот што токму јавните обвинителства со основна надлежност го прават првиот директен контакт на граѓаните со институцијата.
Доколку се има предвид вкупниот обем на работа на јавните обвинителства кои активно постапуваат по поднесени кривични пријави за над 40.000 сторители на кривични дела во текот на годината, поднесените 63 претставки до Народниот правобранител претставуваат околу 0,1% од таа бројка. Притоа, граѓаните во посочените предмети изразувале незадоволство поради непостапување по поднесена пријава на кривично дело, одолжување на постапката или поради незадоволство од донесена одлука. Од тие причини Народниот правобранител, меѓу останатите препораки во извештајот, во делот на Јавното обвинителство препорачува основните јавни обвинителства да ги доставуваат јавнообвинителските одлуки до странките и да им се овозможи правото да ги обжалат до повисоките јавни обвинителства, да постапуваат поажурно и навремено да преземаат дејствија, да го почитуваат рокот од 3 месеци доколку не донесат јавнообвинителска одлука да го известуваат повисокиот јавен обвинител и пријавителот, за да нема сомневање и страв дека гонењето ќе застари.
Сите овие забелешки Јавното обвинителство ги зема предвид, детално ги анализира и ќе продолжи да презема активности за дополнително зголемување на ефикасноста, на транспарентноста и на отчетноста за постапките што ги води. Ваквите заложби на Јавното обвинителство се веќе воспоставен начин на работа при што уште во извештајот за 2022 година омбудсманот констатираше дека за разлика од претходните години, сега јавните обвинителства, особено издвојувајќи ги Основното јавно обвинителство Скопје и Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапуваат по барањата на Народниот правобранител, даваат суштински и целосни одговори за бараните информации од постапките, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.