Македонија
„Фронт 21/42“: Единствена шанса за спас на Охрид е да стане светско наследство во опасност

Од еколошкото здружение на граѓани „Фронт 21/42“ потсетуваат дека деновиве се одвивa 43. сесија на Комитетот за светско наследство во Баку, Азербејџан, каде што ќе се разгледува и потребата Охридскиот Регион – нашето единствено светско природно и културно наследство, да биде прогласено за светско наследство во опасност.
Според „Фронт 21/42“, тоа е и единствена шанса за опстанок на регионот.
„Во медиумите и социјалните мрежи деновиве кружат ставови, анализи и сл. кои се базираат на неразбирање на она што ќе се разгледува во Баку и можните последици. Ставањето на Охрид на листата на светски наследства во опасност не значи тргање на заштитата на УНЕСКО – напротив, значи зајакнување на заштитата“, објаснуваат од еколошкото здружение истакнувајќи дека советодавни експертски тела на УНЕСКО (врвни светски експерти за природа и културно наследство), директно ќе се вклучат во изработка на Посакувана состојба и сет на корективни мерки.
Како што додаваат во соопштението, токму ова е неопходно за да се стопира трендот на деструкција и да се создадат услови за враќање на поволна состојба на вредностите.
„Најпатриотскиот чин кој нашата делегација може да го направи во Баку е да побара Охрид да отиде на листата на светски наследства во опасност и помош од експертите од УНЕСКО. За жал, по сè што сведочевме од 2017 наваму, наивно е да очекуваме дека ова ќе се случи, односно дека личните и партиските интереси ќе бидат ставени зад интересите на државата и на сите следни генерации“, велат од „Фронт 21/42“ од каде изразуваат надеж дека светот ќе биде позагрижен за уникатното богатство на Охридскиот Регион во споредба со домашните институции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Врнежи од снег и паднати дрвја на патот Никфорово-Леуново-Бунец, сообраќајот во прекин

На регионалниот пат Никфорово-Леуново-Бунец од 23:20 часот, сообраќајот е во прекин поради врнежи од снег и паднати дрва на коловоз, извести АМСМ.
Се интервенира за негово расчистување.
Во текот на денот и вечерва вработените од Ј.У.Н.П. „Маврово# со сопствена механизација, се вклучија во активностите за расчистување на паднатите дрва кои го отежнуваат движењето на автомобили по регионалниот пат Маврово – Дебар и околу Мавровското езеро.
Македонија
Петрушевски: Венко Филипче ти имаш фирми во Бугарија, на адреса со Заев каде се свртеа 9 милиони од јагленот од РЕК

„Вечерва Венко Филипче, пред 30-тина луѓе во мала сала во Кисела Вода, потрошил голем дел од својот говор за да ме навредува. Редно е да одговорам“, напиша на социјалните мрежи Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Венко, најмалку ти имаш право кој било да го обвинуваш за „лажење“ и „бугаризација“. Јас немам бугарски пасош, немам фирми во Бугарија и немам тајни зделки зад грбот на народот. Ајде еднаш биди искрен и признај дека токму ти си синоним за милионски шеми со фирми во Петрич, заедно со браќата!
Не мора на мене, туку на јавноста дај и одговори: Каде завршија 9 милиони евра од јагленот за РЕК Битола? Зошто на иста адреса во Петрич се појавуваат фирми на твоето семејство и на Вице Заев? Дали тие пари завршуваа во ваши фотоволтаични централи, додека народот го оставивте да плаќа скапа струја? Дали преку бугарски фирми финансирате бизниси по светот, додека Македонија ја потонавте во сиромаштија?
Ова се вистинските прашања, Венко.
Не лажи дека јас или Христијан Мицкоски имаме такви врски. Ние немаме ниту бугарски пасоши, ниту скриени фирми. Ние имаме чесна и чиста биографија.
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се јасно определени за Македонија во ЕУ, но како достоинствена држава, без понижувања и без тргување со националните интереси.
Доста е од лицемерието Венко! На народот му е јасно дека додека си трупавте милиони преку Бугарија, граѓаните останаа со празни џебови“, вели Петрушевски.
Македонија
Забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци

Од 19:45 часот на магистралниот пат Маврово – Дебар воведена е забрана за тешки товарни возила поради задржување на снег на коловоз, извести АМСМ.
Од 19.55 часот воведена е забрана за тешки товарни возила и за патниот правец Гостивар – Стража, додаваат од АМСМ.