Вести
Пентагон: САД на Балтик ќе испратат 3.000 војници и опрема

СAД ќе испратат околу три илјади војници, како и големо количество воена опрема во земјите на Балтик за да го смират стравувањето на поранешните советски републики од можна руска агресија, во врска со кризата во Украина, за која Западот ја обвинува Русија дека испратила многу оружје и војници во рускојазичните источни региони и оти го анектирала црноморскиот полуостров Крим, објави во понеделникот официјален Пентагон.
Според портпаролот на американското министерство за одбрана, полковникот Стивен Ворен, станува збор за војници коишто ќе бидат дислоцирани од воената база во американската сојузна држава Џорџија и ќе бидат ротирани со американските сили во базата Вилсек во Германија.
Претходно во понеделникот беше објавено дека САД испратија повеќе од 120 парчиња тешка воена опрема, особено тенкови и други борбени возила Тенковите „Абрамс“, борбените возила „Бредли“ и возилата „Скот Хамви“ кои ќе останат во Естонија, Латвија и Литванија „колку што ќе биде потребно да ја одвратиме Русија од напад“, според американскиот генерал Џон О’Конор, задолжен за транспортот.
Како што пишува специјализираното американско списание за воени прашања Stars and Stripes, покрај вкупно три илјади војници вкупната опрема, заедно со онаа пристигната во понеделникот во Рига „ќе брои околу 750 единици воена опрема вклучително тенкови, хеликоптери и артилерија“ кои се „дел од мисијата Operation Atlantic Resolve, којашто ја започна армијата на САД минатата година, откако Русија го анектираше украински Крим и испрати војници и опрема во источните дел од земјата за поддршка на промосковските сепаратисти“. Во извештајот се истакнува дека сојузните на НАТО во Источна Европа, кои беа под советска доминација во текот на Студената војна, „се загрижени дека Кремљ ќе се обиде да ги дестабилизира другите соседни земји“.
Спомнатите американски сили се подредени за помагање на силите во Европа, и за подобро заедничко дејствување во рамките на градењето на долгорочните односи меѓу САД и партнерите од НАТО во регионалните безбедносни зони.
Првата оклопна бригада на американската војска ќе остане во балтичките земји до средината на јуни, до кога се планирани неколку заеднички воени вежби, но може да остави во регионот дел од воената опрема и по заминувањето, додал Бриндл./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.