Црна хроника
Двајца полицајци без причина претепале штипјанец
Против двајца полициски службеници од Штип полицијата поднесе кривична пријава за „мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување“ поради употреба на прекумерна физичка сила врз лице осомничено за разбојништво.
Имено, на 28-ми јануари годинава околу 01,00 часот во полициската станица Штип било пријавено дека била нападната вработена во трафиката ДООЕЛ „Лајф-Пром” од страна на непознато маскирано машко лице со употреба на дрвена рачка од алат, при што разбојникот и нанел повреди во пределот на главата. Откако оштетената почнала да вика за помош, сторителот кој барал пари од истата, се откажал од намерата и излегол од трафиката, земајќи ја дрвената рачка со себе.
Веднаш по добиеното известување, од страна на полициски службеници било излезено на местото на настанот, по што оштетената заради здобиените повреди во пределот на главата е пренесена во ЈЗУ„Панче Карагозов” во Штип, додека oд страна на увидна екипа извршен е увид и преглед на местото на настанот како и на пошироката околина.
На ул. “Иво Лола Рибар” бил пронајден предметот со кој било извршено кривичното дело. При тоа, според описот добиен од оштетената како можен сторител било осомничено лице од Штип.
Осомниченииот бил пронајден во клубот „Сенатор”. Двајцата полицајци го изнеле пред објектот, по што го информирале сменоводителот дека одговара на описот на сторителот, но по извршени проверки во клубот добиле информации кои укажувале дека наведеното лице не е сторител на кривичното дело за што телефонски, повторно го известиле сменоводителот кој наредил лицето да не се приведува до следни инструкции.
Во меѓувреме пристигнале и двајцата пријавени полициски службеници И.М. (33) и Ѓ.А. (40), го турнале осомничениот на земја и употребиле физичка сила, односно почнале да го удираат со клоци и тупаници во пределот на телото и главата. Наскоро, со службено комбе пристиглале уште двајца униформирани полициски службеници кои го забележале лицето кое било видно под дејство на алкохол со повреди, расекотини на десната рака, како го омаловажувал првопријавениот полициски службеник И.М.
По консултации со сменоводителот, одлучено е тој да биде спроведен во полициска станица, а откако го внеле во полициското комбе, при вршење на преглед, првопријавениот полициски службеник, повторно физички го нападнал со тупаници во пределот на телото. По приведувањето, кај оштетениот се забележани видливи повреди, по што е повикана и Итна медицинска помош, а од страна на лекар се констатирани телесни повреди.
Од страна на Секторот за внатрешна контрола, по извршените проверки како и од разговорите со вработените, е утврдено дека постои основано сомнение дека полициските службеници, во наведениот случај неосновано употребиле физичка сила поради што против истите е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување”.
Покрај кривичната пријава, Секторот за внатрешна контрола изрече задолжителна мерка до Началникот на СВР-Штип, против полициските службеници, да поднесе предлог за утврдување на дисциплинска одговорност пред надлежната Комисија за утврдување на дисциплинска одговорност.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
(Видео) Запленети 5050 штеки цигари и електронски цигари на ГП Стар Дојран, уапсен српски државјанин
Вчера во 17:53 часот на Граничен премин Стар Дојран, на излез од државата, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Стар Дојран во координација со царински службеници и припадник на Фронтекс, го лишија од слобода 56-годишниот М.Г. од Република Србија, кој управувал товарно возило „ман“ со полуприколка „шмитц“ со српски национални ознаки.
При граничната контрола, утврдено е дека е фалсификуван WIN бројот на полуприколката во сообраќајната дозвола. При извршен преглед пак, во полуприколката, со помош на специјален уред-Ендоскоп пронајден е скриен бункер, во кој се пронајдени вкупно 5050 штеки, од кои 800 штеки цигари и 4250 штеки електронски цигари.

По целосно документирање на случајот, против М.Г. ќе бидат поднесени кривични пријави по чл.378 – „фалсификување исправа“ и по чл.278 – „криумчарење“ (акцизна стока) од Кривичниот законик.
фото: МВР
Црна хроника
Пријавено оштетување на стаклото на влезната врата на Амбасадата на Бугарија
Вчера во 15:55 часот, во СВР Скопје, од страна на Одделот за обезбедување на определени личности и објекти при Министерството за внатрешни работи, било пријавено оштетување на стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија. Офицерот за безбедност на Амбасадата, преку системот за видео надзор, забележал оштетување на стаклото од влезната врата на објектот.
Според досега утврденото, оштетувањето го извршило засега непознато лице, кое со удар со рака го оштетило стаклото од влезната врата.
На местото на настанот биле преземени соодветни полициски мерки, а надлежните служби работат на расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со настанот, извести МВР.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
фото: МВР
Црна хроника
Скопјанец осомничен за семејно насилство, предложен притвор
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Телесна повреда по член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, информира Обвинителството.
„Осомничениот 41-годишник од Велес со непријавено престојувалиште во Скопје, при вршење семејно насилство, со умисла телесно ја повредил неговата вонбрачна партнерка.
Додека оштетената ја подготвувала да ја однесе во градинка нивната ќерка, тој најпрво започнал вербална расправија, а потоа со лажица за облекување чевли, во повеќе наврати ја удрил во пределот на главата.
Жртвата се повлекла во спалната соба од станот, каде осомничениот насилно ја турнал на креветот, го зел нејзиниот мобилен телефон и го фрлил на подот, почнал да ја плука по лицето и со неколку удари со бокс во главата и телото и нанел телесни повреди – контузија и хематоми.
Јавниот обвинител го имаше предвид фактот дека жртвата претходно го имала пријавено осомничениот за семејно насилство, но потоа го повлекла предлогот за кривично гонење. Затоа, заради обезбедување на присуството на осомничениот во текот на кривичната постапката и особено заради заштита од понатамошни насилни однесувања кон оштетената, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор“, стои во соопштението на Обвинителството.

